Дали може да се излечи еден наркоман?

18 јули, 20110
Harte Einstiegsdrogen

Не поминав низ пеколот, јас живеев во пекол…цели 30 години. Поради дрогата уништив сè, немам дури ни сеќавања ниту пак спомени, ми останаа само “црни дупки“. Низ што помина моето семејство, стрва ми е и да помислам. Сепак, можеби мојата приказна, ќе им покаже на родителите чии што деца се зависници од дрога, дека не треба да се откажуваат. Тоа не е лесно, но има надеж – ни раскажува Драган (57), излечен зависник од дрога од Белград.

Драган, раскажува дека он претставува атипичен пример. За разлика од повеќето зависници кои за првпат пробале дрога во нивните тинејџерски години, тој тоа го направил на 27 години и од тогаш неговиот живот почнува да се движи во надолна линија. До 1979 година, вели дека бил млад човек со сјајна иднина и вистински спортист.

– Во 1979 година бев во Милано, каде што боксував. Кон крајот на годината имав сообраќајна несреќа и додека чекав да излезам на суд, едно лице од Југовиќ ми понуди хероин. Не можам да објаснам зошто зедов. “Шмркнав“ хероин, влегов во судницата и направив хаос, затоа што ми беше лошо и почнав насекаде да повраќам. Кога изгубив свест, бев целосно збунет и засрамен, но мојата љубопитност беше поттикната. Набрзо земав втора и трета дози и така натаму. Сепак, сето ова беше уште “под контрола”. Продолжив да боксувам, па дури добив и понуда да преминам во Холандија – се сеќава Драган.

Во Холандија,од  хероин поминал на кокаин, се поврзал со луѓе од поранешна Југославија, а некои од нив биле нарко-дилери, така што дрогата му била достапна цело време. Во клубот каде што боксувал го фатиле како користи наркотични средстав и набрзо потоа бил исфрлен од рингот…кругот на пријатели му станал се помал и генерално се дружел со луѓе со иста приказна како неговата. Сите други го напуштиле. Полека ги губи парите и започнува со шверц на автомобили. Успеал да се ожени, па дури и неколку години ја лажел сопругата за неговиот проблем.

– Се дружев со луѓе кои го прават истото како и јас. Се тешевме едни со други и после секое земање на дрога ветувавме дека ова е последен пат. Бидејќи користев квалитетна дрога и никогаш не користев шприц, успевав да ги лажам луѓето со кои се среќавав секој ден. Ниту жена ми не знаеше се до 1993 година, кога се преселивме од Холандија во Србија. Еден пријател ми даде 20 грама кокаин. Пред да тргнеме на пат, шест дена и ноќи бев “издрогиран, како слон”, па морав малку да “шмркнам“ за да бидам во можност да возам. Претпоставувам дека ја пречекорив количината која што мојот организам беше во состојба да ја издржи, бидејќи почнав да халуцинирам дека ме следат и пред да стигнеме на граница проголтав кесичка со повеќе од 15 грама. Следното што се сеќавам беше болничката соба и мојата сопруга како плаче. Таа беше бремена и морала да гледа како ми ставаат две инјекции директно во срцето, затоа што сум бил клинички мртов. Тој ден таа дознав сé. Годините што следеа беа полни со солзи, кавги, ветувања дека ќе престанам, но на зависник од дрога не треба да му се верува – ја продолжува својата приказна педесетгодишниот Драган од Белград.

Во Белград, отворил сервис за автомобили, но не го напуштил неговиот порок. Сепак, од кокаин морал да се врати на хероин, но и тоа му било многу тешко да го добие. Како што вели тој, не било потребно долго време за на сите да им стане јасно кој е и што е, па сите му го свртеле грбот. Оттогаш, тој користил се она што ќе го најдел, “екстази”, алкохол, амфетамин… Го изгубил сервисот, бракот му се распаднал, немал пријатели, бил уапсен неколку пати, а да излезе од пеколот не ни помислувал. Единствено на што мислел било како да ја добие следната доза.

– Сфатив дека сум подолго време на дното, кога ќерка ми плачејќи, ми рече дека знае за моите проблеми со дрогата. Ме замоли да престанам, но не можев. Набргу потоа, двајца од моите најдобри другари, на кого им го должам живот, Андреј и Зоран ме ставија во автомобилот и ме однесоа во клиниката каде што еден лекар ме праша дали сакам да престанам. Се разбира, сакав, но не знаев како. Еден месец бев на детоксификација. Од тогаш, во изминатите шест месеци, редовно одам на разговор со психијатар, ми прават тестирања, а јас искрено се надевам дека ќе издржам. На овие луѓе им должам сé. Еве, после триесет години, се подготвувам да го поминам летниот период чист. Се надевам дека заедно со семејството ќе одиме на продолжен викенд. Знам дека се уште не ми веруваат, бидејќи ги разочарав многу пати, но и тие се трудат, исто како и јас – ја завршува својата приказна Драган.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi