Дали сте подготвени за нова љубов???

popara26 октомври, 20111min00
nova ljubov

По раскинувањето на љубовната врска секому му е потребно време за да се опорави и повторно да „застане“ на нозе кога станува збор за љубовниот живот. Често луѓето се впуштаат во нови авантури иако сеуште ги немаат залечено старите рани. Како да дознаете дали сте подготвени за нова љубовна врска?

Не го барате стариот партнер во сите нови лица кои ги запознавате: Знак дека сеуште не сте ја преболеле старата љубов дефинитивно е фактот дека во секоја нова личност барате карактеристики на „бившиот/бившата“. Кога ќе запознаете некоја нова личност и вашата прва помисла нема да биде за тоа колку сличности има тој/таа со „бившиот/бившата“, тогаш сте спремни за нова љубов.

Повеќе не живеете во сеќавањата на претходната врска. Некогаш луѓето се „заглавуваат“ во сеќавањата на претходната врска, било повторно да ги доживуваат убавите моменти или се обидуваат да ги заборават лошите. Секако дека не треба да се заборави претходната врска и сигурно дека повремено ќе се присетувате на убавите моменти со личноста која сте ја сакале или ќе ги употребите лошите сеќавања како опомена од која нешто ќе научите, но треба да престанете да живеете во минатото ако навистина сакате врската да ви успее.

Добро се чувствувате кога сте сами. Тогаш кога сте среќни сами со себе, кога и без партнерот или партнерката имате живот во кој уживате-имате своја работа, интереси, пријатели со кои се гледате, хоби, уживања, тогаш сте подготвени за нова врска.

Не се чувствувате виновни поради новата врска. Кога сте во друга врска, се навикнувате за себе да размислувате како за дел од парот. По раскинувањето со саканата личност таа навика останува уште некое време, па ако почнете да се гледате со некој можете да почувствувате вина. Нормално е тоа чувство да се појави, но со време тоа поминува. Тогаш кога повеќе нема да се чувствувате виновни бидејќи се гледате со некого, подготвени сте за нова врска.

Не сте повеќе бесни. Бесот е совршено нормално чувство по раскинувањето. Вие сте добра личност и не заслужувате такво нешто лошо да ви се случи и сте бесни на случувањето. Тогаш кога ќе прифатите дека околностите под кои се прекинала вашата врска се тие какви што се, дека вие тука веќе ништо не можете да сторите и дека е време да одите понатаму, тогаш кога ќе го отфрлите бесот како нешто што ве задржува во болката и не ви дозволува да продолжите со својот живот и повторно да ја најдете среќата, подготвени сте за нова врска.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag