Заблуди и предрасуди поврзани со исхраната

26 октомври, 20110
Diet dilemma

Сите оние кои барем некогаш во животот посакале да држат диета (а тоа се 99,99% од луѓето) се нашле пред море до совети и правила за тоа како брзо, ефикасно но и здраво да ослабнат. Бидејки постојат милион диети и режими на исхрана, нормално е дека постојат и заблуди и предрасуди поврзани со начинот на исхрана. Еве неколку најчести заблуди со кои се среќаваме:

Појадокот треба да се состои само од овошје: Нема доказ дека ваквиот пристап има било каква предност. Повеќето овошја не се богати со комплексни јагленохидрати, кои му се потребни на организмот по ноќното гладување. Цереалиите ( особено интегралните житарки), како што се лебот, корнфлексот, мусли и сл. за појадок, преставуваат подобар извор на јагленихдирати.

 

Ако јадете многу компири ќе се здебелите: Јаглените хидрати се најдобриот извор на енергија за организмот. Ако јадете компири или било која храна богата со јаглени хидрати нема автоматски да се здебелите. Внимавајте што јадете додатно (на пример путер или крем сирење кои содржат многу масти). Ако вашата исхрана е претежно јагленохидратна и богата во влакнести материи, вие веројатно внесувате помалку масти.

 

Некои храни имаат магично дејство и доведуваат до брз губиток на тежина: Постојат бројни реклами во кои ананасот се преставува како таква храна. Според други тоа е грејпфуртот, кој наводно ги согорува телесните масти. Тоа не е вистина. Вакво дејство повеќе може да им се припише на влакнестите материи, кои предизвикуваат исполнетост, со минимално калории.

 

Треба да се избегнува комбинација на храни: Различни диети пропагираат да се избегнува комбинација на храни. Се смета дека јаглените хидрати во комбинација со протеините водат кон дигестивни проблеми и покачување на тежината. Напротив, комбинациите на храни му помагаат на дигестивниот систем. На пример, витаминот С од сокот од портокали ја подобрува апсорпцијата на железо во оброкот со телешко месо. Многу малку од храните се чисти јагленихидрати или протеини, повеќето се смеса од двете. Дигестивниот систем содржи ензими кои се способни да ја разградат храната која ја јадеме.

 

Не треба да пиете течности во тек на оброкот бидејќи тоа води кон дебелеење: Ова погрешно верување се базира врз мислењето дека дигестивните сокови и ензими ќе се разредат со течноста, и ова ќе резултира со успорено варење и зголемена ресорпција на масти. Ова не е докажано. Всушност, доказите сугерираат дека пиењето на вода во тек на оброкот ја забрзува дигестијата. Се разбира дека доколку се претерува со внесување на високоенергетски пијалоци, како што се алкохолните пијалоци ќе се здебелите, но пиењето вода во тек на оброкот нема да доведе до зголемување на килограмите.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi