Пред чоколадото да почне да се произведува во цврста состојба, луѓето го консумирале во течна состојба. Првите луѓе кои го пиеле чоколадото во течна состојба се Маите и Ацтеките, антички жители на Централна Америка.Тие чоколадото го пиеле ладно и зачинето.
Чоколадото во облик на ситни зрнца на времето било толку драгоцено што е користено и како средство за плаќање во трговија со луѓето од Јужна Америка.
Кралот Монтезума, владетел на Ацтеките, пиел по 50 чаши чоколадо на ден. Овој свој омилен напиток го засладувал со мед и го зачинувал не само со ванила туку и со пиперка и уште некои лути зачини.
Шпанскиот освојувач Армандо Кортез прв го донел чоколадото од Мексико во Европа, почетокот на 16ти век. Но, европјаните не биле многу воодушевени од овој необичен напиток.
Познатиот италијански љубовник од 17ти век, Казанова го пиел чоколадото како љубовен напиток.