Дали Tito беше масон? Згради со масонски обележја во Белград, после Втората Светска војна – втор дел

16 јули, 20110
Naslovna

IV

Истовремено, масонството во овој случај, беше важна маска позади која се раѓаше краткотрајната Независна Хрватска држава, додека Големата ложа “Jugoslavija” ги вложуваше сите напори за да ја задржи целината на државата. Повторно е важно ја напоменеме разликата меѓу “масон“ и масон – едните беа дел од непризнаената ложа “Libertas”кои интензивно работена на едната идеа, а другите беа членови  на Големата ложа “Jugoslavija” кои работеа со цел реализирање на другата идеа. Поради, ваквата суштинска разлика, произлегува прашањето дали воопшто членовите во ложата “Libertas” беа масони.

Ангажманот на Tito во масонството се интензивираше во текот на Втората Светска војна, особено имаше блиски односи со тогашниот Британски Премиер Winston Churchill. Според одредени извори, Churchill го има промовирано Broz во 33 степен во Неапол, за време на нивната средба во 1944 година. Овој свечен чин се одржа во ложата “Džaster”, која имаше 250 членови и всушност од тогаш започна брзиот развој на политичката кариера на Tito.

Tito

 

Сер Winston Leonard Spencer-Churchill влезе во масонството на 24 мај 1901 година, на 26 години. За време на Втората Светска војна веќе беше дел од високорангираната масонска елита, а кога беше “создадена“ новата карта на светот на Јалта, заедно со Churchill друг “претставник“ од масонството беше Roosevelt.

Churchill

Колкаво беше влијанието на Tito и Churchill најдобро може да се согледа во улогата на Tito во политиката и тоа не само во југословенската туку и во светската политика. На светската политичка сцена особено големо влијание имаше создавањето на Сојузот на несврзаните земји – овој сојуз правеше баланс меѓу двата спротивставени блока во време на т.н. Ладна војна. Во тој период на Запад и се закануваше латентна опасност – приближување на земјите кон “третиот свет“. Некои од нив со симпатии гледаа на доктрините за рамноправност и останатите социјалистички идеи. Меѓутоа, членството на овие држави во Варшавскиот договор ќе доведеше до зголемување на стравот од нерамнотежа. Поради тоа, улогата на Tito беше неспорна, а се установи дека Сојузот обезбеди подобри услови за мирен сон.

Roosevelt

За многумина церемонијалниот чин се одвиваше за време на Самитот на неврзаните во Хавана во 1979 година, кога Tito се појави со бели ракавици, бел шешир кои претставуваат еден од основните симболи на слободното ѕидарство за време на масонските ритуали. Ракавиците го симболизираат чистотата на духот на лицето кое ги носи.

На Самитот прв излагање имаше кубанскиот лидер Fidel Kastro кој предложи несврзаните земји да се приближат кон Источниот блок. Потоа, следуваше излагањето на Tito кој го одби оваа барање, а од говорницата беше испратен со бурен аплауз.

Уште еден аргумент дека Broz беше дел од слободните ѕидари, претставува неговата гробница – белата мермерна полча, кај многумина создава асоцијација на симболиката за обработување на камен. Најголема симболичка цел на секој ѕидар е обработката на “својот“ камен, со што ќе се приближи кон возвишениот свет. Можеби, надгробната плоча на Broz го означува токму ова.

Слични надгробни плочи имаат Dositej Obradović и Vuk Karadžić во Соборната црква во Белград.

Гробот на Vuk Karadzic

Погребот на Broz, според хроничарите претставуваше “најголем собир на високи претставници во тогашната историја“. Меѓутоа, важно е да се напомени дека претставуваше и еден од најголемите собири на масоните.

За ангажманот на Tito во внатрешната политика, најдобро се гледа во пишувањата на Vjenceslav Cenčić – он не само што тврди дека Broz беше слободен ѕидар туку приложува и интересни цитати и документи, кои привлекуваат внимание, а притоа неговите информации никој не ги демантираше. Можеби во ова се гледа еден дел од одговорот на прашањето зошто после војната масонството во Белград, Србија и Југославија беше држано во тајност, многу повеќе од порано. И, зошто еден голем дел од него, особено дел од лојалните, доколку ги наречеме “српски“ слободни ѕидари, беа запоставени. Српската лојална елита не можеше да си дозволи да премине во новата “Титово“ или условно наречена “црвено“ масонство, бидејќи сметаа дека неговите идеи се недоследни кои беа застапувани пред 1940 година.

V

Еден од највпечатливите текстови на Cenčić беше поврзан со писмото кое Генералот Ivan Gošnjak го упати лично на Маршалот Josip Broz Tito.Сé се случуваше после смената на Gošnjak, кое од негова страна беше примено со огромно разочарување. Во текот на неговата активна војничка и воена кариера Ivan Gošnjak, го достигна највисокиот чин во ЈНА – Генерал на армијата.

Ivan Goshnjak

Од 1933 година беше член на Комунистичката партија, а од 1935 година беше испратен во СССР, каде ја посетуваше Лениновата партиска школа, а подоцна и офицерски курс. Беше многу активен во Шпанската граѓанска војна, а од 1939 до 1941 година интерниран беше во логори во Франција. Во текот на 1942 година, се врати во земјата и набрзо потоа е поставен како Командант на Генерал штабот на Хрватска. Започнувајќи од 1953 до 1967 година, беше и државен секретар за Народна одбрана на СФРЈ и автор на книгата “Тито, стратешки револуционер и творец на народната армија“.

Се претпоставува дека Gošnjak бил вклучен во неколку настани кои не беа во полза на Broz, за подоцна овие случувања да му влијаат негативно на кариерата и да придонесат за негово прерано пензионирање.

Писмото кое е напишано на 27 јуни 1975 година, Gošnjak го имаше упатено дуректно до Broz, но никогаш не стигна до него. На писмото е допишано со раката од страна на еден од блиските соработници на Tito, Cenčić, Kardelj или Dolanc: “Не треба да се предаде на Tito, бидејќи е премногу болен. За сето она што е наведено во писмото, треба посебна комисија да разговара со Gošnjak“. Под оваа напомена, покрај потписите на сите тројца, следуваат и потписите на Vladimir Bakarić, Petra Stambolić, Nikola Ljubičić и Jovanka Broz. Писмото имаше вкупно 60 страни, а во него Gošnjak бара одговор на 20 прашања. Овде би наведел еден дел од писмото:

Jovanka Broz

“Другар Tito, Ви го пишувам ова писмо, за првпат со ваква содржина и со ваков наслов. Од моето присилно заминување во пензија, чувствувам потреба и би сакал да разговарам со вас, бидејќи после состанокот со Војниот совет, на кој добив поддршка од Džemila Šarca, Radojice Nenezić и Đoke Jovanović, сметав дека ќе ја добијам поддршката и од вас. Се чувствувам изневерен бидејќи со вашата благонаклонетост победи предлогот на Kardelj, а мене ме испратија во пензија, па благодарение на вас сé се сврте во корист на конзервативците, оние кои беа опоненти на владата и оние со кои имав непријатни ситуации во текот на годините“.

Во писмото Gošnjak, му предложува на Tito да ги повика Koču (Popović), Kosta (Nađa), Josipa (Kopinič) и него, и да му ја објаснат вистинската ситуација во државата. Исто така, Gošnjak бараше одговор на прашањето за падот на Aleksandar Ranković.

Aleksandar Rankovic

“Tito, јас знам дека ми забележиш што овде го споменувам Ranković кој пред девет години помина многу потешко од мене. Но само накратко – Вие, Koliševski, Kopinić, Jovanka и јас ја знаеме причината за смената на Ranković…и самите Вие знаете дека прислушкувањето беше лажно….Причината за неговата смена претставуваше неговиот извештај за масонството во Југославија, а знаете и самите дека го имав прочитано тој извештај. Во првиот дел од извештајот се пишува за масоните кои дејствуваа во Југославија до 1941 година, а другиот дел беше од ’строга доверливост’ и се однесуваше за масоните и нивната активност во СФРЈ.

Поради овој извештај Ranković беше казнет од страна на полицијата, а особено што во него се споменуваше вашето име. Всушност, вие се споменувате во 1961 година – додека бевте на пат низ Африканските држави, дојде до конфликт меѓу Jovanka и Koliševski, кој всушност ве спречи да бидете дел од собранието на масоните организиран од страна на Мароканскиот крал шеф “Голема масонска ложа“.

Lazar Kolishevski

Овие факти му ја уништија политичката кариера. Не знаев Другар Tito, се додека не го прочитав извештајот, дека Kardelj, Bakarić, браќата Dizdarević, Krleža, Vidmar, Novak, Savić, Koča, Velebit, Augustinčić, Kunc, Kocbek, Ivan Ribar, Ivo Andrić, Belić, Ivan Krajačić, Milan Bartoš, Krešimir Baranović, и да не ги набројувам останатите масони се дел од ложата “Nova Jugoslavija“ со која раководеше Ivan Ribar, а после него Krleža. Другар Tito, сега ми е јасно зошто Ranković мораше да си отиде, зошто јас морав да бидам сменет“!

Ivan Ribar

VI

Овој можеби малку подолг историјат за Tito и неговото членство во масонството, изгледа дека се оддалечивме од вториот дел на темата, односно од новите градби во Белград што имаат масонски обележја. Меѓутоа, тумачењето поврзаноста на новите зданија со масонството, би било тешко да го објасниме и опишеме доколку претходно не го споменавме влијанието на Broz во тој период врз масонството. Притоа, мора да се има во предвид дека голем број на случувања од тоа време беа иницирани од страна на Tito.

Во времето додека на власт беше Broz, готово сите важни случувања се одржуваа во Белград, поради што логично беше во престолнината на СФРЈ да се изградат некои обележја поврзани со масонството. Исто така, некои зданија кои го покажуваат влијанието за масонското присуство беа изградени после неговата смрт и односно во 1990 година, кога дојде до “будење на самозаспаната“ ложа “Jugoslavija”.

Очигледно е дека ова масонство правеше напори за будење на “граѓанското“ слободно ѕидарство (како што го нарековме), одвојувајќи го од “црвеното“. Разликите беа очигледни и се однесуваа на политичките одредби. Така што, денешните слободни ѕидари или тврдат дека Tito едноставни не беше масон (зошто би ги прогонувал после војната, масоните кои беа дел од слободното ѕидарство пред воениот период) или дека бил масон но со различни одредби од денешниот што се застапува во Белград.

VII

Денеска во Белград лесно се воочува пирамидата што се наоѓа на врвот на хотелот “Slavija luks”, како и стилизираната пирамида на зградата на Радио-телевизија Србија. Се подразбира дека постојат уште многу зданија на кои архитектите одлучиле да бидат завршени со стилизирана пирамида на врвот, што не мора да значи дека имале блиски односи со слободните ѕидари, но веројатноста постои. За секое од овие зданија да се проучи потребно е преголем простор, затоа некои идеи и претпоставки сепак би ги оставиле на самите читатели. За некои од нив можеме да дадеме јасни докази, како што е пирамидата пред Српската академија на науките и уметностите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi