Дали ве пали секс во јавност?

14 август, 20110
Seks vo javnost

Дали некогаш сте имале потреба едноставно да заборавите каде се наоѓате, да соблечете сè од вас и изгорите од страст, дури и ако сите околу вас паднат во несвест? Или можеби токму тоа паѓање во несвест ве пали?
Летните горештини често се причина да ни попуштат кочниците. Сето тоа е секси и кул, но внимание: ако страста ве однесе предалеку, може да заработите прекршочна пријава од типот “непристојна или нападна изложеност на голо тело во јавност”. Во многу земји голотијата е казнива со закон, а особено сексот во јавност.

Сепак, се чини дека на некои луѓе привлечноста на забранетото овошје едноставно им е како афродизијак. Всушност, некои сексуални терапевти дури им препорачуваат на своите пациенти да изгубената страст ја распламтат со малку забранет секс во јавност: стравот дека ќе бидете фатени го зголемува нивото на адреналин, со што се зголемува општата возбуда на организмот.

Но додека малку тркалање на некоја плажа веројатно нема да заврши во весник, сепак постојат места кои треба да ги избегнувате. На пример, црква. Неодамнешниот инцидент во Норвешка каде неколку активисти (чија цел била спас на шумите?) започнале да водат љубов пред олтарот за време на миса завршил со три апсења. Медиумите објавија сличен настан и во Италија, каде што пар бил фатен на дело во исповедница (за разлика од норвежаните овие немале никаква мисија – биле само дрво пијани!).

Дури и во Холандија – каде порелаксирано гледаат на овие работи – треба да се задржи здравиот разум: неодамна пар бил уапсен заради водење љубов на хауба од полициски автомобил! И додека полицијците биле во автомобилот! Можеби на претходно споменатата потребата за адреналин треба да се припишат и мотивите на англиската јавна бранителка која била фатена во страствен клинч со нејзиниот клиент во затвор (да нема забуна, тој не бил таму заради економскиот криминал – обвинет бил за повеќе брутални убиства!) или пак јужно африканскиот пар кој неодамна почина при  водење љубов на шини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit