Дарко Шариќ “у Босни“… го бараат “под дрво и камен“, а тој на Дрвар

13 јули, 20110
darko-saric

Бегалецот, нарко босот Дарко Шариќ неодмана бил виден во Дрвар, објавиле во вторникот вечерта на својот портал “независните новинари“ во Бања Лука.

Како што се наведува во весникот, повеќе извори потврдиле дека членовите на агенцијата за безбедност и разузнавање и државната агенција за истраги и заштита го лоцирале Шариќ во Дрвар, но и покарј тоа не успеале да го фатат.

Шариќ, според информациите, пред десет дена бил на имотот кај еден од своите блиски соработници и телохранители, кој по потекло е од тој град. Бегалецот нарко бос, за време на тој таен одмор во градот наводно се состанал со Насер Кељменди, еден од истакантите лидери со албанско потекло на сараевското подземје, кој пак се поврзува со пазарот на дрога на Балканот и Европа.

“Државната агенција за безбедност на БИХ, не рагирале на време на информациите од терен, така што Шариќ имал доволно време илегално да излезе од државата и повторно да избега од рацете на правдата“, пишува во овој текст.

Шариќ со месеци се наоѓа во бегство, поради обвинението за шверц на повеќе од два тони кокаин од Јужна Америка во Европа.

Меѓународната потерница издадена за Шариќ е распишана по налог на истражен судија од Белград, кој води сеопфатна истрага за криминалната група од дваесетина лица осомничени дека се дел од ланецот за трговија со кокаин од Уругвај во Европа, преку Црна Гора и Србија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi