Актерот и пејач David Hasselhoff, познат по својата улога во серискиот филм “Baywatch” ги сруши сите рекорди за најголема количина на алкохол во крвта.
Познато е дека веќе години наназад, David се бори со зависноста од алкохолот. Овој пат тој јавно проговорел и за рекордите кои ги поставил. До сега имал неколку пати неуспешни обиди за лекување од оваа зависност. Но, кога се појавил во клиниката “Betty Ford” тој имал рекордна количина на алкохол во крвта и се наоѓал на работ на смртта. Оваа информација ја потврдиле и од клиниката, велејќи дека до сега немаат примено пациент со поголема количина на алкохол во себе.
Тој признал дека нема да се одвикне. Не е важно колку пати ќе паднеш, туку како ќе станеш, изјавил David. Може да сметате на тоа дека јас секогаш ќе станувам, додал David во својата изјава.