Пејачката на култниот бенд Блонди, во едно свое интервју призна дека кон крајот на осумдесетите била во тешка депресија, што ја натерало да ги проба сите дроги па вклучувајќи го и хероинот.
Во тоа време се јавиле првите кризи во нивниот бенд, кога менаџерот на бендот се откажал од нив, а веднаш по тоа и издавачката куќа. Сето тоа многу влијаеше на мене, и почнав да користам секаква дрога, изјави Деби. Таа и нејзиното момче, гитаристот во бендот, Крис Стејн забележале дека излегле од контрола, при што и двајцата заедно заминале на рехабилитација.
Блонди, кој е еден од најпопуларните рок бендови, а трае и ден денес, најновиот албум го најави за оваа година.