Децата сексуално се злоупотребувани од страна на воспитувачите!

14 септември, 20110
80155_123_f

Шокантна исповест на поранешни штитеници во Дом за деца без родители.

Пијани воспитувачи во Домот за деца без родители во близина на Зворник, ги физички и сексуално ги злоупотребуваат, тврдат Рада М. (19 години) и Дејан Д. (20 години).

Воспитувачите во Домот за деца и млади без родители во близина на Зворник, своите малолетни штитеници, сексуално ги злоупотребуваат, тврдат двајца поранешни штитеници од оваа установа, Рада и Дејан.

Пред две години и двајцата буквално избегале од домот, а сега живеат во близина на Бања Лука. Рада, тврди дека неколку пати била сведок на насилното однесување на поранешниот директор на Домот, а подоцна и на воспитувачот В.Д, кој многу често бил пијан и физички ги напаѓал постарите штитеници.

Насилно сакаше да опијани дете!

– Еден ден, тргнав да излезам на балконот и тогаш занемев од шок кога видов како воспитувачот В.Д. насилно ја држи другарка ми на оградата и сака да ја бакне. Од страв дека можам да бидат физички казнета, доколку се замешам во целата ситуација, се вратив во собата, а подоцна кога ја прашав другарка ми за овој настан, не сакаше ниту да зборува за својата средба со В.Д. – ја започнува својата изјава Рада.

Таа додаде дека В.Д. се обидел сексуално да ја злоупотреби малолетната А.Ј. додека спиела, почнувајќи најпрво да ја допира по стомакот, а потоа и по градите.

– Девојчето, поспано и шокирано скокна од кревет и започна да вреска, поради што набрзина В.Д. успеа да ја смири и да се извлече од ситуацијата, објаснувајќи дека лошо сонувала. Сепак, најлошо искуство имаше малолетното девојче Б.Б. кое насилно го одвлече во неговата канцеларија. Таму и ја отворил устата и почнал да и “истура“ коњак, со цел да ја зашемети и полесно да ја реализира својата намера. Сепак, жртвата некако успеа да му избега и истрча врескајќи од канцеларија – се сеќава Рада.

Покрај Рада и Дејан, во 2008 година, од Домот избегале уште пет други штитеници.

Дејан, изјави дека избегал од домот иако таму поминал само половина година, бидејќи не можел повеќе да го гледа изживувањето на воспитувачите врз невините деца.

– Бев присутен кога воспитувачот П.С., разочаран од исходот од еден фудбалски натпревар, фрли шише во лицето на едно момче. Детето само за неколку минути помодре во лицето, но мораше да лаже и да кажува дека е модар бидејќи паднал! Гледав како домарот И.С., после целодневно пиење, без никаква причина буквално го “шутираше“ со нозе едно момче кое само што беше пристигнато од Дом од Црна Гора, се додека целото не беше облиено со крв. На крајот и тоа беше “препишано, како несреќен случај….како само детето паднало и се повредило“ – раскажува Дејан.

Ги учат децата да крадат и ги користат како робови!

Дејан Д. вели дека за време на неговиот престој во домот И.С. и Д.В., ниту еден ден не биле трезни и дека буквално се натпреварувале кој од нив ќе биде посуров и побрутален кон децата.

– Покрај физичкото малтретирање, тие често нас не експлоатираа како вистински робови. Во селото се бараат физички работници кои за одредена дневница ќе сечат дрва, ќе косат сено или некоја слична физичка работа. Нас не испраќаа, а тие ги собираа на крај парите. Од друга страна, секоја хуманитарна помош која што ќе пристигнеше во домот, а која беше вредна, веднаш завршуваше во домот на директорот или на воспитувачите. Пред очите на сите нас, ќерката на директорот ги зеде фотоапаратот и камерата, а беа наменети за Домот – вели Дејан.

Насилното однесување на домарот и на воспитувачот во Домот, излегоа на виделина пред извесен период, кога поранешен волонтер во оваа институција Младен П., ја шокираше јавноста со својата изјава во која детално го опиша пеколот низ кој поминуваат неговите штитеници. Младен ни изјави дека домарот И.С. и воспитувачот В.Д., работат под дејство на алкохол и секојдневно ги напаѓаат децата, ги тепаат, “шамараат“ ги фрлаат во радиаторите или во ѕид, а неговите изјави ни ги потврдија и децата од Домот.

 Властите не пронајдоа тортура

Меѓутоа, овие изјави не беа доволни за надлежните органи сериозно да се позанимаваат со овој проблем. Министерството за здравство и социјална политика, сметаа дека “немало континуирано физичко малтретирање врз штитениците, туку двајцата вработени само ја прекршиле својата службена должност, а исто така и несоодветно ги имплементирале казнено-поправните мерки“. Директорот на Домот ги суспендира двајцата вработени и подигна дисциплинска постапка против нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi