Рики Женест, 25 годишен модел од Канада, кој е истетовиран по целото тело, а кој во јавноста се прослави по појавувањето во спотот на Лејди Гага, сними реклама во која се појави без своите тетоважи.
Неговиот прекар е Зомби, токму поради неговите тетоважи, а оваа реклма ја сними за една козметичка компанија со мотото „Не судете на книгата според нејзината корица“.
Во оваа необична и креативна реклама се истакнуваат производите, пудра за покривање на тетоважите и млекото за вадење шминка.
Рики бил особено возбуден бидејќи повторно се видел себе си без тетоважи, како пред многу време, кога имал само 16 години, бидејќи тогаш ја направил првата тетоважа.
httpv://www.youtube.com/watch?v=9mIBKifOOQQ