Дефинитивно потврдено: Мајкл Џексон бил полн со аналгетик и ботокс :(((

popara29 октомври, 20111min00
majkl4

Во телото на легендата Мајкл Џексон, по направената обдукција е откриено дека во моментот на неговата смрт тој имал земено огромна количина на ботокс и лекови за намалување на болката, потврди д-р Роберт Волдман, еден од сведоците на одбраната, во судскиот процес во кој докторот Конрад Мареј е обвинет за убиство на пејачот.

Адвокатите на Мареј, тврдат дека Џексон користел демерол кој му бил препишан од еден дерматолог со кој Мареј бил во конфликт подолго време, поради тоа што овој лекар со помош на демеролот се обидувал да ја излечи несоницата на Мајкл, јавија американските медиуми.

Медицинскиот извештај покажа дека Џексон во период од три дена во мај 2009 година имал земено дури 900 милиграми демерол. Пејачот, исто така, во текот на неколку месеци си вбризгувал ботокс.

Во текот на сведочењето, Д-р Волдман посочи дека постои “можност”, Мајкл да станал зависен од употреба на демерол, но дека тоа не може со сигурност да се тврди.

Обвинетиот Мареј, на кого му се суди за убиство од невнимание, почна да плаче додека сведочеа неколку негови пацинети во негова корист.

Судскиот процес полека се приближува кон крајот и доколку биде прогласен за виновен, Мареј може да добие затворска казна во време трање од три години.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag