Дејвид Бекам најдобро облечен маж, а принцот Вилијам без стил
13 јуни, 20110

Дејвид Бекам е прогласен за најдобро облечен маж во Велика Британија, а британскиот принц Вилијам е прогласен за маж без стил. Бекам за најдобро облечен маж го прогласиле британските обожаватели, а по него на листа се наоѓа Роберт Патсон. Принцот Вилијам е искритикуван бидејќи е премногу униформиран, носи обични маички и панталони, без стил. Многу модни експерти сметаат дека Вилијам треба малку повеќе да ризикува во модата, а во тоа може да му помогне сопругата Кејт, која е вистинска модна икона.