Дел од претставените автомобили на Саемот во Франкфурт

15 октомври, 20110
00

Саемот на автомобили во Франкфурт(Германија) е еден од најимпресивните во светот. Оваа година се одржуваше од 13 до 25 Септември. На 64то издание на ова шоу на кое присуствува околу 800,000 љубители на автомобилизмот, учество земаа  повеќе од  1000 производители од 32 земји. Еве некои од позначајните автомобили од овогодишнето издание:

Land Rover Dc100 concept

Верувале или не ова е наследникот на култниот Land Rover Defender, модернизиран, урбанизиран и дизајниран за 21виот век. Голема промена во споредба со традиционалниот изглед кој го негува Defenderot. Поради освојување нови пазари ако се знае декаосвен за полициите и армиите немаше голем пазар за Defenderot , Land Rover се одлучија на ваква драстична промена Официјално ќе го замени својот претходник во 2015.

 

Mercedes F125 concept

Не е еден од најубавите концепти на Mercedes што сме ги виделе во последно време, но пробајте да го занемарите тоа. Сепак F- концептите на Mercedes нудат поглед кон иднината пред било кој друг произведувач и F-125(кој е дизајниран по повод 125 годишнината на компанијата) е пофутиристички од повеќето.

 

Porsche 991

911 е најуспешниот модел во историјата на Porsche. Ја започна својата историја во 1963 и одтогаш Porsche понуди на пазарот 5 различни генерации на моделот:  911 classic, 964 Series, 993 Series, 996 Series, and 997 Series. После долго чекање и шпекулирање Porsche го претставија овој модел на саемот во Франкфурт.

Шестата генерација на 911, односно 991 ќе биде комплетно ново возило, иако повеќето ќе го препознаат како 911ка . Ова возило ќе има 3.4 литарски мотар со вкупна моќност од 350 коњски сили. Од 0 до 100 километри на саат забрзува за 4.4 секунди.  Интересно е што Porsche успеаа да ја намалат просечната потрошувачка на само 10 литри на 100 километри, што воопшто не е многу за еден ваков спортски автомобил.

 

Jaguar C-X16 concept

Некои од љубителите на Jaguar сметаат дека оваа серија е малце разорачувачка и неоригинална за стандардите на Jaguar, но како и да е неоспорно е дека ова е одличен автомобил. Алуминиумската шасија значи дека е лесен, појачаниот V6 мотор со 375 коњски сили значи дека е брз и цените од околу 55.000 фунти значат дека ќе биде конкурентен на 911 и Boxter моделите на Porsche.

 

Ford Evos concept.

Неверојатно издание на Ford. Штета што овој концепт нема да биде пуштен во продажба, но сепак ова е многу значајно возило за Ford . Ова е концептот според кој ќе се водат дизајнерите во Ford при дизајнирањето на нивните нови возила. Тие тврдат дека овој дизајн е иднината на Ford, и доколку е вистина така едвај чекам да видам што ќе понудат следно на пазарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi