Dell Vostro V131 лаптоп, дизајниран да овозможи сензационален стил и оптимална продуктивност за малите бизниси

18 ноември, 20110
0

Dell го претстави Vostro V131, тенко, моќно и елегантно надополнување на наградуваната линија Vostrolaptop. Како еден од најлесните и најтенки производи од портфолиото на Vostro, Vostro V131 е специјално дизајниран за мали бизнис корисници. Ултра тенкото и стилско куќиште сместува Intel® Core i3 и i5 процесори, што го прави Vostro V131 преносен центар создаден да ја зголеми бизнис продуктивноста. Отстранливата, 4-ќелиска батерија и Intel® ULV Celeron 847 процесорот овозможуваат до 6.5 часа издржливост на батеријата (до 9.5 часа со опционална 6-ќелиска отстранлива батерија), овозможувајќи им на корисниците да работат во секое време, насекаде.

“Го создадовме Vostro V131 да овозможи брзо, непрекинато извршување на повеќе задачи за денешните бизнис предизвици“, изјави Сем Брд, потпретседателот на Dell’s Consumer & SMB Product Group. “Резултатот е лаптоп богат со функции за подвижни професионалци кои сакаат комплетен перформанс кој ќе ги поддржи нивните технолошки барања, а притоа без жртвување на дизајнот и преносливоста. Покрај тоа, V131 нуди услуги и софтверски решенија кои ја подобруваат продуктивноста и безбедноста на податоците.“

Разбирајќи го предизвикот за поврзувањето на малите бизниси, Vostro V131 нуди широк спектар на опции, вклучувајќи WWAN, WiMax& LTE (само за САД), WLAN и Bluetooth 3.0. Стандардниот читач на отпечатоци и безбедносниот софтвер Absolute LoJack овозможуваат исклучителна безбедност секаде и во секое време.

Vostro V131 е идеален за секојдневна канцелариска работа како уредување документи, презентации и и-мејл, а исто така овозможува и опции како HD камера, SRS Premium Voice Pro, дигитален микрофон и вграден Skype. Покрај тоа, лаптопот нуди две USB порти 3.0, тастатура со опција за позадинско осветлување и копчиња за брзо стартување.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi