Без никакви сомневања, најголемото масонско здание кое настана во Белград во периодот меѓу двете светски војни е денешната зграда, Поштенскиот музеј во Белград, што се наоѓа на улицата Palmotićeva 2. Оваа зграда беше изградена и се користеше како Министерство за пошта, а реконструирана е во почетокот на последната деценија на 20от век.
Реставраторите го почитуваа оригиналниот изглед на оваа здание, па денеска се сеуште видливи масонските симболи на зградата. На врвот на зградата, јасно се гледаат симболите – триаголник и висок, додека шестар, висок и триаголник доминираат на сите останати сегменти на оградата. Стилизиранито дел од фасадата исто така ги покажува испреплетените симбили, кои ја прават уште поубава оваа зграда, и без никакви сомневања, претставува една од највпечатливите објекти со масонски обележја во Белград.
Пред влезот на зградата кој се наоѓа на улицата Palmotićeva (бидејќи самата зграда е на аголот на оваа улица и на улицата Majke Jevrosime), останатите симболи се вметнати врз основа на периодот кога е градена. Така што, денеска на влезот на зградата јасно се гледа грбот на Кралството Југославија.
Зградата на Министерството на пошта, ја проектираше познатиот архитект Momir Korunović, еден меѓу истакнатите членови во масонската организација од тој период. Изградбата беше завршена во 1930 година. Инаку, Korunović имаше значајно и почесно место меѓу тогашните архитекти и основач на т.н. српско-византиски стил, со кој сакаше да зачува дел од традицијата на градежништво од тоа поднебје. Во тој стил, во првата половина на 20от век, во Белград доминираа академизмот и сецесијата, а подоцна и модернизмот.
Голем број на згради се потпишани од страна на Korunović, а една од највпечатливите претставува зградата која и претходеше на денешната Пошта број 6, која се наоѓа покрај Железничката станица во Белград. Оваа зграда има необична истрија, бидејќи големи делови од фасадата беа уништени за време на германското бомбардирање во текот на Втората светска војна. Иако, после тоа, остана конструкцијата на зградата, сепак нејзината надворешност беше премногу оштетена.
Сега, претставува типична социјалистичка градба, со изглед кој многу се разликува од замислата на архитектот. Сепак, битно е да се напомене дека и ова здание беше преполно со слободноѕидарски симболи, така што и денес е останато преданието дека голем број на белграѓани, не го знаеја точното значење на знаковите на тогашната фасада.
Korunović својата почит и припадност кон масонството не го покажуваше само на визуелен начин, преку своите градби, туку симболите ги вгради и во својата фамилијарна куќа, која се наоѓа во населбата Kotež Neimar. И на оваа градба, доследно на своите идеи, на самата ограда на терасата е прикажан триаголник вкрстен со шестар, потенцирајќи ја почитта кон масонството.
Многу е важно, тоа што Momir Korunović меѓу денешните архитекти е еден од најпочитуваните учители со огромен авторитет. Иако во поствоениот период беше често на удар на своите модерни колеги и критичари, со време се докажаа неговите визии и смислата на автентично гледање на работите.
За подобро да се разбере творечкиот лик на Korunović, потребно е да се нагласи дека тој уметноста не ја сфаќаше како теорија, а архитектурата како наука или техника. Смислата за архитектурата и за градежноштвото Korunović, ја гледаше во моралниот и духовен акт, преку кој се допринесува реализација на народните идеали.
Иницијали “B.I.“
I
На некои белграѓански фасади, очигледна е согласноста на голем дел на проектанти и власници, дека симболите на слободните ѕидари доминираат во градежништвото. Сепак, колку и да е огромен овој знак, сепак не привлекува внимание на неупатените набљудувачи.
Овој пат, зборуваме за зграда која денеска постои на раскрсницата на улицата Nušićeva и Majka Jevrosimе. Во улицата Nušićeva се наоѓаат два влеза со броеви 22 и 24, а на Majka Jevrosimе уште еден влез, со број 50. Внимание привлекува фактот што на двете улици постојат слични масонски обележја, сепак оваа градба ја издвојуваме како доминантна.
Не е тешко да претпоставите дека во предвоениот период во Белград, всушност во оваа улица живееа моќни и угледни луѓе, а меѓу нив и познати и заслужни масони.
Така што, зградата на улицата Nušićeva 22 и 24, направена врз основа на идеата на архитектот Jovan Novaković, додека власник беше Ilija Bogdanović. Всушност одовде потекнуваат иницијалите “B. I.“, на врвот на сферниот преден дел на градбата. Bogdanović не го криеше своето припадништво меѓу слободните ѕидари, па на самиот врз на предната фасада е втиснат голем медалјон со своите иницијали вкрстени со шестар и триаголник, а со тоа сакаше да го истакне своето членство во масонството. Гледајќи ги плановите на оваа петкатница само се потврдува дека уште во нацртот беше испланирано местото каде ќе се втисне овој медалјон. Инаку, изведувач на градежните активности беше компанијата на Jovan Milovanović.
II
Во близина на оваа зграда, неколку стотина метри подолу, се наоѓа уште едно здание чија фасада ја покажува приврзаноста на сопственикот кон слободните ѕидари. Оваа зграда се наоѓа на местото каде што улицата Strahinjić се спојува со улицата Francuska. Белграѓаните многу лесно ја препознаваат бидејќи овде е сместен Конзулатот на Грчка, а извесен период се наоѓаше и Грчката Амбасада.
Првобитната грабда имаше само приземје, но сопственикот Miladin Đorić, во 1921 година догради уште еден спрат и овој изглед зградата го има задржано и денеска. На куќата се забележуваат два големи медалјони, едниот свртен кон улицата Francuska, а другиот кон улицата Strahinjić bana. Медалјоните се идентични и ги прикажуваат поголемиот дел на симболичките алатки карактеристични за слободното ѕидарство. Сепак, во мрежа на вкрстени масонски симболи најмногу доминираат шестарот, агломерок, високот…