Приказната на еден педофил

13 јули, 20110
3495

Канаѓанец под псевдонимот Џеси, раскажува како терапијата му помогнала повеќе да не размислува за силување и злоупотреба на деца, па дури тврди дека со лекарствата станал подобра личност.

Прашањето за хемиска кастрација или антилибидален третман, како што се нарекува оваа терапијата, стана една од неизбежните теми во последниве месеци во светската јавност. Контроверзиите во однос на тоа дали треба или не треба да се кастрираат сексуалните злосторници особено беа актуелни од ноември, кога во Полска се усвои закон според кој на силувачите и малолетниците осудени на инцест мора да поминат низ овој вид на третман.

Со еден од сторителите осуден за силување и злоупотреба на малолетници, неодамна беше направена репортажа во Канада. Соговорникот е триесет годинишен осуденик, но поради заштита на неговиот идентитет и на идентитетот на своите жртви, разговорот го водеше под псевдонимот Џеси.

Вбризгување на инекција еднаш месечно

– Уште во 2004 година бев осуден за сексуален напад и поседување на детска порнографија. Во затвор, имам поминато околу 17 месеци, а во истовреме одев и на советување, каде што од другите затвореници слушнав за овој тип на лекување. Лекарот прво се двоумеше дали да ме стави на овој третман, но јас инсистирав бидејќи во тој период имав девијантни размислувања поврзани со самоубиство – Џеси ја започнува својата приказната.

Секој месец  добивал инјекција во локалната болница. По шест недели, лекот започнал да делува односно во целост ја елиминирал неговата сексуалната желба.

– Почнав со третманот околу Божиќ и забележав дека девијантните мисли се намалуваат, па дури и да исчезнуваат. Вообичаено додека гледав телевизија имав сексуални фантазии за некоја личност, но по некое време сфатив дека повеќе ништо не се случува. Заклучив дека третманот делува и одлучив да продолжам со лекување и по излегување од затвор – објаснува Џеси.

Открива дека немал само сексуални фантазии за лицата (децата) кои ги гледал на телевизија, туку каде и да погледнал, во него се будела желбата за секс.

– Можам дури и да се присетам на тие сексуални импулси. Ќе погледнев некое девојче на телевизија и јас веќе размислував како да ја силувам, како да најдам начин да стигнам до неа. Последен пат ова се случи пред пет години и сега сум среќен што повеќе немам вакви мисли и што не размислувам на овој начин. Лекувањето од корен го промени мојот живот. Не сум истиот човек…ја нема таа злоба во мене и знам дека повеќе нема да се врати – продолжува Џеси.

 

Сега има и девојка

Тој и понатаму се прашува дали и кога да престане со лекувањето.

– Можам и да престанам да ги земам лекарствата, тоа и ќе го направам еден ден. Пред извесен период се запознав со една девојка и ќе видам како ќе се развива нашата врска. Сакам да воспоставам здрава и номална врска. Со помош на лекарите ќе одлучиме кога да прекинеме со лекувањето. Таа, сеуште не знае за моето минато, но ќе морам се да и раскажам наскоро. Еден пријател кого го запознав во советувавалиштето веќе три години има девојка и побарав совет од него како да и ја кажам вистината – ја завршува Џеси својата исповед.

Убеден е дека во изминатите неколку години живее подобар и доколку нешто тргне наопаку, сега има многу повеќе работи кои може да ги изгуби….а тоа му претставува дополнителна мотивација да се труди да живее нормално…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi