Дело од невидливиот музеј продадено за 10.000 долари

popara23 јули, 20111min00
01 svez-vazduh-498

Музејот на невидлива уметност на американскиот глумец Џејмс Франк отворен на интернет пред три месеци го продаде своето прво дело „Свеж воздух“ по цена од 10.000 долари, пренесуваат странските медиуми.

Концепт идејата на овој музеј лежи во тоа да уметничкото дело не постои во физичкиот свет туку исклучиво како идеја во главата на уметникот. Така наместо уметничко дело купувачот добива картичка со објаснување за „купеното дело“.

Овој музеј пред неколку дена успеал да го продаде своето прво уметничко дело „Свеж воздух“ и тоа за 10.000 долари на Ејми Дејвисон која се „поистоветила со концептуалната идеја на делото а посебно со реченицата „Ние ги разбираме соништата и идеите како валута““.

2003 год. интернет аукциската куќа e-bay се одлучила за сличен потфат, кога продала „воздушна гитара“, додека самата Ејми Дејвисон пред неколку месеци по пат на интернет ја продала својата сопствена душа за 100 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag