Младата актерка Деми Ловато, позната по улогата во Дизниевиот филм “Camp Rock”, после долга борба со пореметувања во исхраната конечно е здрава и среќна.
Деветнаесетгодишната звезда помина три месеци борејќи се со пореметување во исхраната, и со самоповредување.
“Благодарна сум му на Бог, и на своето семејство на подршката што ми ја дадоа. Не би издржала без нивната подршка”.
“Научив да бидам силна и здрава. Се отворив, и почнав да зборувам за своите проблеми. Тоа што знам дека моето семејство и фановите ме прифаќаат таква каква што сум, е најубавото можно чуство”, изјавви Деми и додаде дека сега многу повеќе го цени тоа што го има.
“Многу сум благодарна што сум среќна и здрава оваа година. Своите пријатели, семејството, кариерата и фановите не ги земам веќе здраво за готово. Живеам ден по ден, и секој ден ми е посебен”, нагласила глумицата и ја објаснила својата нова животна филозофија.
“Понекогаш луѓето се премногу зафатени за да уживаат во моментот, но знам дека јас ќе уживам. Напорно работев да бидам таму кај што сум, и ќе уживам во секој момент”
One comment
Kristijan
3 јули, 2012 at 18:43
I se voshituvam! Treba da se sledat nejzinite chekori! Pomina niz tolku mnogu a ima samo 19! LOVATIC FOREVER!