Наместо да се создаде гламурозна забава, како и повеќето холивудски ѕвезди, Деми Мур(49) роденденот го прославила во дружење со своите фанови на Твитер во својот дом, заедно со мајмун на глава!
– Мојот роденден почнува со мајмунски работи, мајмунот торбар никогаш нема да биде ист – било напишано од страна на актерката на една слика која ја споделила со пријателите.
Можеби Деми сакаше да каже дека нема да дозволи некој повторно да ја измајмуниса, имајќи предвид дека нејзиниот сопруг Ештон неодамна ја изневерил. Сепак, ние не сме сигурни, бидејќи на Твитер се уште е потпишана како “Г-ѓа Кечер.”