Еден град во Тајван го прогласи овој ден “Ден на Лејди Гага” во чест на прва посета на островот од поп дива.
Ексцентричната пејачка добила клуч од градот Taјчунг, која лично и ја предал градоначалникот на церемонијата пред стотици нејзини обожаватели.
“Во име на Тајчунг, го прогласувам овој ден “Ден на Лејди Гага”, најавил градоначалникот Џејсон Ху.
Нејзините фанови – “мали чудовишта”, претходно продефилирале низ градот во шарени костими и перики.
Еден од нив на главата носел свинска глава, веројатно како потсетување на фустан од парчиња месо кој Гага го носеше на МТВ музички видео награди 2010.
Пејачката, која оваа година беше на листата за највлијателната личност во светот, е единствена од најпопуларните меѓународни ѕвезди во Тајван, а нејзината посета е пропратена од страна на сите поголеми медиуми.