Финска гради нуклеарен реактор кој би требало да биде најсигурниот на целиот свет, а оние кои го градат посебно внимание посветуваат на прашањата за сигурност како што се природните катастрофи.
Околу 5.000 работници работат на изградба на нуклеарната постројка во Олкилуто на западот од Финска, а по трагедијата во Фукушима, Финците истакнуваат дека реакторот кој го градат е најсигурен на целиот свет. По земјотресот и цунамито во Јапонија кои предизвикаа катастрофа во март годинава, на изградбата на тој реактор му се придава големо значење.
“Фукушима отвори многу прашања“, открива шеф на одделот за анализа на ризиците на финските власти за нуклеарна сигурност, Јорм Сандберг, кој предупредува дека тие прашања се однесуваат на природните катастрофи.
На островот Олклуто кој се наоѓа во северниот дел на Балтичкото море, се пренесени околу 320 илјади тони бетон и огромна количина челик.
Новиот тип на реактор значи и користење на најмодерен состав кој се’уште не се користел на ниту едно друго место.
Реакторот требало да биде пуштен во потреба пред две години, но се предвидува дека ќе биде приклучен во мрежата во 2013 година.
Извор: Нетпресс