Актерката Денис Ричардс изјавила дека жали што на 19-годишна возраст подлегнала на операција за зголемување на градите и што не го сочувала природниот изглед. Таа вели дека на нејзините ќерки – 7 годишната Сем, 6 годишната Лола и 5 месечната Елоис нема да им дозволи да ги повторат нејзините грешки. 40-годишната актерка изјавила дека денес многу посигурно и посамоуверено се чувствува, за разлика во дваесеттите години и додала: “. Да се биде самоуверена е еден од најсексите квалитети што може една жена да ги има” Актерката изјавила дека зголемувањето на градите е единствена операција што ја направила, и дека во иднина не планира да се врати под нож за да го сокрие стареењето.