Депилација пред море? Бидете внимателни

popara14 август, 20111min00
depilation

Депилирањето за жените е секојдневна обврска, особено за време на летните месеци. Нозете, бикини областа, пазувите, како и други делови од кои сакаме да ги отстраниме влакната задолжително ги третираме особено пред одење на одмор.

Обликувањето и вадењето на влакна од веѓите и надусниците се едени од најважните чекори пред  да се оди на море.

Меѓутоа, некои жени тоа го прават почесто од другите, и затоа влакненцата растат побрзо. Ако сакате да се ослободите од вишокот влакна на лицето пред да заминете на одмор, ви даваме неколку совети за тоа безбедно да го сторите без последици.

За почеток, влакненцата треба да бидат подолги од еден сантиметар за да можат добро да се залепат за восокот.

Пред да ставите восок на вашето лице, најпрвин видете ја топлината. Внимавајте да нема вештачки мирис и боја или некои други елементи на кои сте алергични.

Внимавајте восокот да не биде премногу топол. Доволно е да биде толку топло што може да се примени без да се прави гримаса на лицето.

Појавата на црвенило и чешањето се некои вид негативни последици од депилацијата, за да ги избегнете не ја допирајте со прсти кожата истиот момент откако ќе се издепилирате. Пред излегување на сонце ставете гел од алое вера или смирувачки лосион.

Кога ќе завршите со депилација и третман гелот, не ставајте одма шминка. Важно е кожата да биде 100% смирена. Таа е особено осетлива и затоа треба посебно да бидете претпазливи.

Солта од морето како и јаките сончеви зраци, можат да делуваат на депилирана кожа и да се создадат црвени флеки или дамки. Почекајте неколку саати, и одете на сонце после 17 часот. Ништо нема да пропадне доколку еден ден не се сончате.

Ако на лицето имате осип, молови, брадавици или имате дијабетис, не се депилирајте со восок. Исто така бидете претпазливи и консултирајте се со доктор доколку сте бремени, или сте на апчиња за контрацепција, антибиотици или хормонска терапија.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag