1.ЦИА го создала Осама Бин Ладен?
Тој никогаш не добил директна финансиска помош или обука од страна на САД во 80-тите години, ниту пак неговите следбеници. Авганистанските муџахедини биле тие кои преку пакистанската разузнавачка служба ИСИ, добиле голема количина на попуст.
2.Имал огромно лично богатство
Бин Ладен бил приморан да ги остави парите кога заминал од Саудиска Арабија во 1991 година, преминувајќи во Пакистан, а потоа во Судан. Целото семејство го отпишало. Во секој случај богатството на неговиот татко не е поделено на еднави делови на наследници. Единствено нешто што имал Бин Ладен биле контактите кои овозможиле лесно да доаѓа до пари.
3.Одговорен е за бомбашкиот напад врз Светскиот трговски центар во 1993 година
Рамзи Џозеф, главниот извршител на нападот, најверојатно работел за Халид Шеик Мухамед, кој бил независен оператор во тоа време. Со Ал Каеда започнал да соработува дури во 1996 година.
4.Парите ги набавувал преку трговија со дрога
И покрај многуте сомнежи нема доказ за овие тврдења, што е забележано и во досијеата на Бритаснката Влада за Ал Каеда.
5. Никогаш не се изложувал на опасности
Бројни сведоци тврделе дека бил во средиште на кофликтот во Џаџија во 1987 година, а потоа и во битката кај Џалалабад во 1989 година.
6. Поминувал доста време во пештери
Во доцните 90-ти години како пропаганда Бин Ладен ги повикал неколку новинари да се сретнат со нево во пештерата Тора Боре во близина на Авганистан. Во секој случај живеел во удобен дом, недалеку од ова место. До 1999 година се преселил во комплекс со вили во близина на Кандахара. Нема докази дека тој живеел по пештери.
7. Бил непослушен тинејџер кој одел на бејрутски забави пред да стане религиозен
Ни за ова тврдење нема докзи. Веројатно бил срамежлив, повлечен и религиозен млад човек, кој рано се оженил, а времето го поминувал во проучување на светите записи.
8. Бил на чекор до смртта поради болест на бубрезите
Постојат одредени извешати за проблеми со бубрезите, но не толку сериозни за да му бил загрозен животот.
9.Се криел во Кашмир, бил водач на чеченски групи, одговорен е за насилствата во Филипини и Индонезија, организирал напад во Мадрид во 2004 година, имал разработено сложена мрежа во Парагвај, средна и јужна Америка
Сите овие тврдења на некои влади низ светот и на нивните разузнавачки служби, во текот на последната деценија се сосема неосновани.
10. Бин Ладен бил навивач на Арсенал
И покрај навијачките песни во кои се спомнува неговото име, Бин Ладен не бил верен навивач на северолондоскиот фудбалски клуб.