Дел Острандер(12) минатиот петок се капел во Тихиот Океан на западниот брег на САД , кога јака струја го повлекла во длабините на океанот. Момчето било под вода цели 25 минути. Кога го извадиле спасувачите, момчето не давало знаци на живот, но по првата помош срцето на момчето почнало слабо да чука. Момчето било во кома и веднаш било пренесено во најблиската болница.
”Мислевме дека нема да преживее, и доколку преживее дека нема да биде во можност да оди ни да зборува, изјавил Чад Острандер таткото на момчето. Во неделата момчето ги отворило очите, а во понеделникот веќе дишењето му било нормализирано, пишува 24 часа.