Девет годишно дете само летало со балон

6 јуни, 20110
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Девет годишното дете Боби Бредли влезе во историјата, бидејќи во близина на американскиот град Албукерки само полета во балонот со топол воздух и успешно слета по половина час, со што стана најмладата личност која го направила тоа.

Бредли покажал зрелост и сталоженост за време на оваа авантура, а инструкциите ги има добиено од неговите родители. Летот на Бредли траел 26 минути. “Не сакав да слетам. Сакав да продолжам да лета, ми беше забавно“, изјавил малиот Бредли.

Иако има повеќе од 30 часа летање, Боби неможе да добие дозвола да лета со балони пред да наполни 16 години.

Поради тоа неговото семејство и пријателите му направиле специјален  мал балон, кој е класифициран како “ултра лесен“, кој му го овозможи рекордот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi