Името диета 9 кг кажува дека за две недели, колку што се држи оваа диета се губат фамозните 9 килограми. Но, дали навистина ќе ослабете толку зависи од: доследноста на правилата, активнота, вашиот метаболизам…
Диетата се држи две недели. Појадокот е убиствен, кафе за појадок. Олеснителна околност е тоа што по третиот ден ќе може да јадете и некое пециво покарј кафето. Важно еда пиете многу вода.
Понеделник
Појадок: кафе без шеќер, дозволено е да користите засладувач
Ручек: 2 варени јајца, варен спанаќ во солена вода
Вечера: 1 голем печен бифтек и зелена салата
Вторник
Појадок: кафе без шеќер, дозволено е да користите засладувач
Ручек: 1 стек на скара, зелена салата и овошје по желба
Вечера: шунка, во неограничени количини
Среда
Појадок: кафе без шеќер, дозволено е да користите засладувач
Ручек: 2 варени јајца, зелена салата и 1 домат
Вечера: шунка, во неограничена количина и зелена салата
Четврток
Појадок: кафе без шеќер, дозволено е да користите засладувач
Ручек: 1 варено јајце, варен морков и 100 гр свежо сирење
Вечера: сезонско овошје и јогурт во неограничени количини
Петок
Појадок: кафе без шеќер, дозволено е да користите засладувач, салата од моркови
Ручек: 1 поголема варена риба и еден домат
Вечера: 1 стек и зелена салата
Сабота
Појадок: кафе без шеќер, дозволено е да користите засладувач
Ручек: Пиле на жар
Вечера: 2 варени јајца и салата од моркови
Недела
Појадок: чај со лимон
Ручек: стек, салата по избор и овошје по избор
Вечера: изберете нешто по желба од менито
Диетата се состои од две фази. Менито од првата недела се повторува и во втората недела. Салатите зачинувајте ги со малку сол и лимон.