Диета по крвни групи

popara8 август, 20111min00
dieta po krvni grupi

Оваа диета всушност и не може да се нарече така, бидејќи не се однесува на драстично намалување на количината на храна и не претставува мачење на телото. Главен темел на оваа диета е исхраната која ни ја одредува нашата крвна група.

Различните крвни групи имаат различни способности за разградување на одредени видови храна.

Крвна група 0:

Најзастапена крвна група која ја имаат дури 40% од луѓето. Ако сте дел од оваа крвна група, вашето мени треба да се состои од што повеќе мешани производи. Треба да избегнувате житарици кои содржат глутен (нерастворливи белковини).

Јадете – риба, пилешко, јагнешко, говедско, мисиркино месо, сите видови овошје, зелка.

Избегнувајте – сите млечни производи, тестенини, леб, пченка.

 

Крвна група А:

Лицата од оваа крвна група треба што помалку да конзумираат млеко и млечни производи, месо и сувомеснати производи. За енергија внесувајте што повеќе белковини од растително потекло. Поради намалено внесување на млечни производи, обидете се да најдете друг начин на внесување на витамини Б12, калциум и железо.

Јадете – соја, грав, житарици, леќа, зеленчук, зрнесто овошје, сливи.

Избегнувајте – сите производи од месо, цитрус, тропско овошје, млечни производи, домати, пиперки.

 

Крвна група Б:

Може да се каже дека овие луѓе имаат најмногу “среќа“, бидејќи можат да конзумираат најразлични видови храна. Смеете да комбинирате млечни производи, житарици, зеленчук, месо. За оваа група се вели и дека има најголема способност да се прилагоди на различни услови за живот.

Јадете: скоро сите видови месо, риба, секој зеленчук, млечни производи, житарици.

Избегнувајте – пилешко месо, шунка, сланина, школки, пченка, домати, пченица, ’рж.

 

Крвна група АБ:

Овие луѓе имаат доста чувствителен дигестивен систем, но можат да јадат разновидна храна но да внимаваат што комбинираат.

Јадете – сливи, цреши, ориз, тофу, јајца, мисиркино и јагнешко месо, млечни производи.

Избегнувајте – говедско, пушено месо, пченка, пченица, портокали, тропско овошје, банани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag