Диета со ананас за забрзување на метаболизмот

popara25 октомври, 20111min00
ananas

Диетата на база на ананас е одлична за забрзување на метаболизмот и согорување на мастите, бидејќи содржи малку калории, односно во 100 грама има само 46 калории.

Постојат неколку варијанти на диетата со ананас. Главно се делат на два вида: диети со свеж и диети со козервиран ананас. Свежиот ананас е богат со хранливи материи, витамини, минерали и ензими кои го поттикнуваат варењето и ја подобруваат работата на бубрезите. Со оваа диета за пет дена ќе изгубите три килограми!

Циклуси на оваа диета кои траат пет дена е препорачливо да се повторуваат најмалку четири пати годишно. Доколку решите да ја држите оваа диета месец дена, по изминатиот месец мора да направите кратка пауза. Во диетата деновите се разликуваат на парни и непарни, а менито се креира во зависност од тоа дали е парен или непарен ден.

Непарни денови:

Појадок: парче свеж ананас и шоља зелен чај, немасен јогурт и лажица овесни снегулки

Ручек: супа од зеленчук и свежа саката, парче ананас

Вечера: 200 гр. риба или пилешко месо, салата, парче ананас

Ужина: зелен чај и свеж ананас

Парни денови:

Појадок:  чаша свежо исцеден сок од овошје и парче ананас

Ручек: 150 гр. безмасно сирење, салата и парче ананас

Вечера: 2 тврдо варени јајца или 2 парчиња леб со маргарин, салата и парче ананас

Ужина: шоља безмасен јогурт и свеж ананас

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag