Диета со зелка

popara12 јули, 20111min00
red-green-cabbage

Диетата со зелка е една од најпопуларните диети на нашите простори. Се карактеризира со едноставност во подготвувањето и ефикасност во резултатите. Во најголем дел од случаите организмот реагира добро, па и во случај кога диетата се држи само неколку дена, и тогаш можеме да кажеме дека доаѓа до благо чистење на организмот.

Подготовка:

Сварете супа од:

  • 5 големи главици кромид
  • 2 зелени пиперки
  • 1 или 2 конзерви цели домати
  • 1 нишка целер
  • 1 голема зелка
  • 1 лажица од следниве житарици и мешунки: леќа, пченица, јачмен и сув грашок

Додадете сол, црн бибер, ставете магдонос и по желба може и лута пиперка. Ставете вода и варете додека зеленчукот не омекне.

Начин на употреба: Оваа супа може да се јаде секогаш кога ќе почувствувате глад и колку што сакате. Некои поборници на оваа диета велат: Колку повеќе јадете, толку повеќе слабеете. Со оваа супа може да се јаде следново:

Прв ден

Секое овошје освен банани. Лубениците и дињите имаат најмалку калории од сите видови овошје. Затоа, се јаде само супа и овошје. За пиење може незасладен чај, незасладено кафе и/или вода.

Втор ден

Секој зеленчук. Количината не е ограничена, важно е да не сте гладни. Избегнувајте боранија, грашок, пченка итн. За вечера може голем печен компир со путер. НЕ ЈАДЕТЕ ОВОШЈЕ. Не заборавајте да јадете и супа. Најмалку еднаш во денот.

Трет ден

Јадете супа, овошје и зеленчук колку што сакате. НЕ ЈАДЕТЕ ПЕЧЕН КОМПИР. Ако сте се придржувале на овие инструкции, за овие три дена би требало да сте 2-3 кг полесни.

Четврти ден

Изедете до 3 банани во текот на денот, супа, и пијте немасно млеко колку што сакате. Бананите имаат многу калории и јаглени хидрати, а исто така и млекото. Супата сè уште мора да се јаде.

Петти ден

Говедско и домати. Можете да изедете 300-600 грама говедско месо и до 6 домати. Обидете се да испиете 6-8 чаши вода во текот на денот, со цел да се ослободите од вишокот на уринарна киселна од организмот. Задолжително барем 1 чинија супа!

Шести ден

Говедско и зеленчук. Можете да јадете колку што сакате говедско месо и зеленчук. И супа, секако.

Седми ден

Интегрален ориз и зеленчук. Пијте незасладен овошен сок. Можете да јадете колку што сакате ориз и зеленчук. Задолжително супа.

Доколку сте се придржувале до диетата, на крајот на седмиот ден би требало да имате изгубено од 4,5 до 7 кг. Ако сте изгубиле повеќе, направете пауза од два дена пред да почнете повторно.

Оваа седумдневна диета може да се користи онолку долго колку што сакате. Чувството на леснотија и дополнителна енергија е добра причина да се обидете со оваа диета.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag