Диктатурата на Кралот Александар и слободните ѕидари – прв дел

5 јули, 20110
IMG_2580

Од самото основање, Големата ложа на СХС “Jugoslavija”, бараше преку Големиот мајстор од слободните ѕидари да работат за јакнење на заедницата, за подобрување на општеството како и за развој на Државата… Во прв ред, слободните ѕидари тежнееа кон создавање и развој на народното единство.

Поради тоа Đorđe Vajfert имаше изјавено: Нека нашите срца шират братска љубов. Нека се стопи пред нив секаков вид на студ, како би ги заборавиле сите несогласувања и лични навреди.

Како што имаше запишано еден од позначајните слободни ѕидари Milan Marjanović југословенскиот народ и југословенската држава претставуваат нова формација и затоа масонството мора да најде одлични можности за да ги постави своите принципи. Масонството има голема задача и одговорност пред сопствениот народ и пред светското масонство.

Milan Marjanovic

Србите, Хрватите и Словенците се еден народ, со исти корени и исто минато, затоа само како еден народ може да има просперитет во иднина – унифициран во југословенски народ. Но, неспорно беше и тоа дека , овој народ ниту во минатото ниту во тој момент се чувствуваше како еден народ. Затоа беше сосема коректна изјавата дека: тоа е народ кој во моментот се наоѓа во процес на унифицирање, тоа е “народ кој сега се создава“.

За постигнување на оваа цел, слободните ѕидари под закрило на Големата ложа на СХС сметаа дека е потребно да ги исклучат сите негативни струења, да ги уништат секој вид на ниска побуда и ниски страсти, бидејќи основата на масонството е да изгради една заедничка, општа национална идеологија и да ја всадат во свеста на сите граѓани, без разлика на нивниот сталеж, потекло, верско или политичко одредување, притоа почитувајќи ја слободата на секоја индивидуа.

Бидејќи југословенската држава се создаваше во услови во кои владееше хаос низ Европа, па дури и низ целиот свет, слободните ѕидари требаше да ја одредат својата улога во тој процес на создавање на државата и на организирањето на народот.

Според мислењето на Đorđe Vajfer, беше потребно слободното ѕидарство да биде олицетворение на совеста на народот и југословенското масонство требаше целосно да учествува во градењето и создавањето на југословенската национална и државна мисла, бидејќи претставуваше услов за заедничкиот живот и за подобра иднина.

Djordje Vajfert

Како централно прашање во политиката беше конфликтот меѓу централистичкиот со федереалистичкиот (сепаристички) концепт, а притоа хрватското прашања и неговата интернационализација внесе додатно проблеми, поради што истата спортивставеност беше присутна и кај југословенското масонство. Претставниците на југолсовенското масонство беа свесни дека државата претставува нова формација, поради што масонството имаше огромна задача и одговороност. За дотогашните барања за ревизија на Видовданскиот устав, Anotnije Šokorac како претставник на Големата ложа оцени дека е апсурдна ситуацијата и одбидите да се направи кофедерација помеѓу ХСС партијата и монрахијата Кралството Србија.

Започнувајќи од изборот на Основачкото собрание, ХРСС покажа јасно незадоволство поради својата положба која не одговараше на нејзините политички и економски аспирации. На наредните избори (во 1923 година), ХРСС освои 68 пратенички места, а ова ниво на освоени гласови (преку 5.000), ги задржа на изборите во 1925 и 1927 година. Партијата на Radić, која имаше претензии да го застапува целокупниот хрватски народ, своите аспирации ги определи во облик на борба, бидејќи откако беше изготвен Видовданскиот устав, ХРСС не ја признаваше легитимноста за актот ниту пак го признаваше Кралството СХС. Со својот предлог нацрт уставот , предложен од страна на Stjepan Radić и неговите следбеници се определија (на 14 мај 1921 година) за федерална државна заедница во која постојат хрватска, словенечка и српска нација. Во ваквата тријалистичка заедница постоеше едно заедничко претставничко тело во кое нациите беа застапени  според принципот на рамноправност.

На самиот чин на усвојување на Видовданскиот устав беа пристуни и голем број на слободни ѕидари, притоа по завршувањето на гласањето Др. Ivan Radić, јавно ги соопшти резултатите од гласењето – од 320 присутни пратеници, 227 се изјасниле потврдно за усвојување на предлогот, додека пак 93 паратеници се изјасниле за против.

Хрватските опозициски партии, после изгласувањето на Уставот и покрај сите мерки кои беа преземени во август 1921 година го создадоа т.н Хрватски блок (ХРСС, ХЗ и ХСП) во чие што претседателство беа избрани Stjepan Radić, Mate Drinković (слободен ѕидар) и Mirko Košutić. Во Меморандумот на Хрватскиот блок (издаден на 14 јануари 1922 година) се истакнуваше “политичката независност на Хрватска која според нив никогаш правно не беше прекината, а српските политичари во Хрватска ја пропаѓираа идеата за југословенско народно единство, а признавањето на суверенитетот на Хрватска и признавањето на Хрватската држава во заедничките граници на меѓународната заедница на Срби, Хрвати и Словенци, претставува европка потреба“. Според тоа уште на самиот почеток ХРСС бараше начин како да ги оствари своите цели.

Поттикнато од страна на англиските слободни ѕидари и англиската влада, а притоа покрената иницијатива од страна на Владата на Франција, Италија и Белгија, во пролетта 1922 година, беше планирано да се одржи меѓународна конференција во Џенова, а на која требаше да присуствуваат делегати од сите европски држави и притоа да пронајдат решение со кое ќе осигури мир во светот. За време на Конференцијата во Џенова, беше изнесен посебен меморандум на Хрватскиот блок кој имаше протесна нота, поради отстапувањето на југословенски територии на Италија (Рапалскиот договор), а до ваква ситуација дошло поради тоа што за време на официјалната делегација на Кралството СХС, немаше претставник од Хрватска и од хрватскиот народ.

Конфликтот на федералистичкиот со централистичкиот концепт беше континуиран, остар и предизвикуваше негативни реакции. Со продлабочувањето на конфликтот на политичкото поле прераснуваше во физички и вербални пресметки меѓу политичките противници и неистомисленици. Во ваква немирна и несигурна ситуација, влезе југословенското масонство, притоа тежнеејќи да ги помири спротивставените страни и да изнајде решение за проблемите.

Иницијативата за организирање на Конгресот на интелектуалци кој се одржа во Сараево на 29 јуни 1922 година беше поттикната од страна на масоните, како и за Конгресот на јавни работници кој се одржа во Загреб на 10 септември 1922 година, а на кој се побара ревизија на Видовданскиот устав. За време на мартовските избори во 1923 година, дојде до зајакнување на федералистичкиот опозиционен блок, поради што Владата на Pašićev инсистираше за склучување на т.н. Марков протокол, кој претставуваше само привремено затишје во политичката борба. Кога на 29 мај 1924 година, новосоздадениот опозициски блок (Демократската партија, Југословенската муслиманска организација, Словенечката граѓанска партија и ХРС), истапија со проглас кој имаше протесна нота, поради престанокот на работа на Собранието.

Апсењето и судскиот процес на високите функционери на ХРСС на чело со Stjepan Radić, предизвикаа протести и кај Опозициониот блок во кој истакнато место имаа слободните ѕидари Ilija Šumenović, Kosta Kumanudi и Ivo Krstelj.

Kosta Kumanudi

 

За време на февруарските избори во 1925 година и отвореното прашање за верификација на одлуката за притворање на високите функционери на ХРСС, беа непосредна причина за создавање на т.н. Блока на народна спогодба и демократија, а понатамошната тактика и стратегија, со давање на поддршка и од двете страни, доведе до помирување, надминување на несогласувањата и создавањето на владата Pašić – Radić, која сепак не траеше долго.

Октомвриските избори во 1927 година, не резултираа со поедноставување на политичката ситуација во државата, а кога на 10 ноември 1927 година, помеѓу Stjepan Raidić и Svetozar Pribićević беше склучена спогодба за формирање на “Селска – демократска коалиција“ (СДК), која претставуваше нов и значаен момент на политичката сцена, а особено беше значајна и карактеристична за Pribićević поради неговиот политички прелом, од унитарист кон федералист.

Svetozar Pribicevic

Со цел да ја ублажи целата ситуација, Крал Aleksandar (слободен ѕидар) го прифати предлогот на својот личен лекар и на познатиот масон Др. Radenkо Stanković, за отварањето на посебен политички клуб во Белград, чија цел беше да го ублажи сепаратистичкиот притисок од страна на Хрватска. За остварување на оваа цел Кралот Aleksandar даде и финансиски средства, меѓутоа не се реализираше отварање на клубот бидејќи една група на загребачки слободни ѕидари се оддвои од Големата ложа на СХС и ја основаше Големата Симболичка Ложа “Libertas” во чие што формирање најголема улога имаше идеологот Geno Knežević.

Puniša Račić

Во Кралството СХС имаше голем број на бурни политички случувања во 1928 година, а ова година најмногу се карактеризираше со прекинот на владеењето на граѓанско парламентарниот-демкоратски систем. По повод собраниската расправа за режимот “Glavnjača”, односно поради полицискиот напад на студентите предизвика остри полемики.

Djura Basaricek

За време на седницата на Народното собрание на 20 јуни 1928 година, разлутениот пратеник Puniša Račić, пукајќи од огнено оружје ги повреди Đura Basariček, Ivan Pernar, Pavla Radić, Ivana Granđu и Stjepan Radić. На повредите им подлегнаа Pavle Radić, Đura Basariček, а подоцна и Stjepan Radić.

Pavla Radic

Нешто подоцна на 2 јуни 1928 година, сите ложи и слободни ѕидари кои беа под закрило на Големата ложа на Кралството СХС “Jugoslavija”, а застапувани од страна на Големиот мајстор Dušan Miličević и Големиот секретар Antonijo Ž. Šokorac упатија циркуларно писмо во кое го осудуваат извршениот атентат во Собранието.

Големиот мајстор доби писмо од страна на ложата “Maksimilijan Vrhovac” од Загреб, во кое се наведуваше дека е разгледано испратеното циркуларно писмо за време на седницата на Сојузниот одбор на Големата ложа и донесен е заклучокот дека е потребно сите браќа да ги вложат своите сили и да влијаат врз понатамошниот тек на настаните во општествениот живот, со цел да дојде до градење на мирна животна средина и да се крене културниот живот на повисоко ниво.

Тогаш Сојузниот одбор ги исткна своите начела кои се раководени од моралните закони и истакна дека Југословенското слободно ѕидарство, треба да се издигне над сите политички несогласувања и да создаде услови за мирен живот и за економски просперитет; притоа да го застапува гледиштето за безусловно државно единство и за единство кај сите три народи; дека југословенското слободно ѕидарство ќе ги преземе сите потребни активности за да ги смири негативните страсти, а притоа народот ќе може својата енергија да ја насочи кон создавање на историски и материјален напредок.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi