Диносауруси од Јура продадени за 2,75 милиони долари

popara14 јуни, 20111min00
dinosaurusi-na-prodaju-498

Пар диносауруси од добата Јура биле продадени за 2,75 милиони долари на завчерашната аукција во Далас, пренесува Ројтерс. Диносаурусите alosaurus и stegosaurus, во борбен став, продадени се во пар, бидејќи се пронајдени заедно во пештера во Вајоминг во САД. Се претпоставува дека  stegosaurus бил жртва, бидејќи вилицата на alosaurus е пронајдена во положба на загризок во ногата на stegosaurus-от.

“Овој пар диносауруси кои потекнуваат од Јура се од извонредно значење за науката, бидејќи до сега не се знаело дека тие живееле во исто време“, објаснил директорот на аукциската куќа Херитиџ, Дејвид Херскович.

Илјадници посетители дошле во Далас за да ги видат скелетите на диносаурусите и останатите експонати. Палеонтологот Хенри Гилјано кој во 2007 ги открил овие диносауруси во една пештера во Вајоминг, кажал дека неговата компанија се одлучила да ги продаде фосилите за да обезбеди средства за понатамошни истражувања на откривање на нови видови.

Прв скелет на диносаурус е изложен во 19 вел, пред 150 години и од тогаш публиката се уште е одушевена и ги посетува ваквите изложби. “Мислам дека популарноста на диносаурусите порасна со филмот на Спилберг “Паркот Јура“, но и откритието на скелетот на тираносаурусот Сју во 1990 година“, изјавил Гилјано.

Сју е продаден на аукција во 1997 година за 8,3 милиони долари на природно научниот музеј во Чикаго.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag