Наскоро инекции кои нема да болат?

14 јуни, 20110
276dentist

Ве боли заб? Имате трауми секогаш кога ќе седнете на стоматолошкото столче? Вашите заби мора да бидат здрави, а овој пат тоа ќе биде безболно. Болните инекции на заболекар, кои се ноќна мора на многу пациенти, благодарение на британскиот истражувач Џон Мичан, наскоро би можеле да станат минато.

Д-р Џон Мичан, професот на стоматологија на Универзитетот во Њукасл, смислил начин за безболен убод кој нема да ја намали ефикасноста на анестезијата.

Чуството на печење кое обично се јавува за време на примањето анестезија не е предизвикан од иглата, туку од киселината која ја има во самиот анестетил, кажал докторот, а клучот на неговиот изум лежи токму тука.

Всушност со помош на паметен шприц, непосредно пред да се инјектира анестетикот, доаѓа до негово мешање со неутрализатор кој ќе го спречи чуството на болка. Бројките покажале дека 70% од британците се плашат од инекциите кога одат на заболекар, а една петина жени чуствуваат нервоза и неколку дена пред закажаниот трмин.

Паметната стоматолошка инекција освоила награда за медицинска иновација минатата недела во Лондон, а д-р Мичан се надева дека неговиот изум ќе влезе во масовно производство.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi