Директорка ги измамила нејзините вработени-инвалиди

popara29 јуни, 20111min00
MVR
Директорка на фирма во Охрид ги измамила своите вработени- инвалиди, а го злоупотребила и законот за вработување на инвалидни лица, стекнувајќи корист од околу 7.000 евра, информираат од МВР.
Имено, С.А (43) од Охрид, сопственик на занаетчиско друштво “Тајфа“, во текот на 2008 година, донела одлука на пет од своите вработени инвалиди да им даде отказ, а на седум да им ја намали платата.
Исто така во постапка за доделување неповратни средства по основ на вработување на инвалидни лица во фирмата доставила профактура за набавка на нови машини, при што добила 80 отсто од вредноста на истите, но наместо нови набавила половни машини, со што се стекнала со противправна корист од околу 7.000 евра.
Охридската полиција поднесе кривична пријава против С.А. за сторени две кривични дела “злоупотреба на службена положба и овластување“.
Извор: Нетпресс

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag