Невестата бегалка од Монако
29 јуни, 20110

Само два дена пред кралската венчавка во Монако се чуле гласини дека Шарлин Витсток се обидела да побегне и да ја избегне венчавката со принцот Алберт.
Полицијата наводно, по наредба на кралската куќа Грималди ја запрела Шарлин на аеродром во Ница, додека таа сакала да избега во Јужна Африка од каде што потекнува.
Како што се шпекулира невестата била разочарана од се’ посилните приказни за развратничкиот живот на својот сопруг, кои во текот на венчавката допреле до нејзе и затоа таа посакала да се скрие од сето тоа што е можно подалеку.
Извор: Нетпресс