‘Дисциплинецот’ не пронајде неправилности при трансферот на напаѓачот на македонската репрезентација, Горан Пандев од Лацио во Интер.
Дисциплинската комисија на италијанската фудбалска асоцијација донесе решение во врска со спорот меѓу Лацио и Интер за трансферот на Горан Пандев во миланскиот тим.
Како што е познато, Македонецот е “врелиот костен” за расправија меѓу “небесно сините” од Рим и “нероазурите” од Милано по повод преселбата во Интер во јануари 2010 година како слободен агент.
Таквиот развој на настаните не му се допадна на претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, кој побара заштита на своите права пред дисциплинецот во италијанската фудбалска асоцијација, но денес комисијата објави дека во дејствијата на играчот нема ништо спротивно на важечките закони.
Извор: Нетпрес