До каде сè оди креативноста на архитектонските умови?

popara12 август, 20111min00
hotel

Сме виделе хотели од секаков тип и на секакви локации, но дали сте виделе нешто вакво?

Во Катар, во тек е изградбата на хотел по име “Amphibious 1000”, чијашто вредност е проценета на 500 милиони долари, а идејата за целата градба е масло на италијанската фирма Giancarlo Zema Design Group.

Она по што овој хотел е посебен е фактот што дури половина од градбата се наоѓа во длабочините на самото море, а во комплексот освен апартмани, има и канцеларии и ресторан со егзотични јадења, а погледот на околната панорама ќе остане уште долго во вашите сеќавања.

Хотелските соби и апартманите, соодветно наречени “ Jellyfish”, ќе располагаат со прозорци од кои ќе може да се набљудува подводниот свет.

Настрана од сиот овој незамислив луксуз, овој хотелски комплекс може да се гордее и со тоа што  свесно функционира и на еколошко ниво, па на просторот на комплексот ќе се сообраќа само со возила на електричен погон.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag