Доаѓа катаклизма! Русите уверени! По кој пат бе?! :)

popara26 август, 20111min00
kraj na svetot

Вонземска цивилизација е единствениот излез од катаклизмата која ќе и се случи на нашата планета, сметаат двајца руски научници. Тие наводно пронашле скриена древна порака која кога ја дешифрирале сфатиле дека во блиска иднина следува катаклизма.

По 15 години истражување, русите заклучиле дека Земјата се наоѓа во последниот стадиум на развој за сите видови кои живеат на неа. Утврдиле дека магнетното поле на Земјата полека но сигурно слабее а со самото тоа следува и катаклизма.

Викторија Попова и Лидија Андријанова тврдат дека го пронашле аналогниот и дигиталниот клуч за разоткривање на симболите во дрвните градби на Инките и Ацтеките, пишаните материјали од Велигденските Острови како и симболиката на Стоунхенџ.

Според нив во сите градби на одредено место пишувало дека  Земјата ќе доживее катаклизма. На катаклизмата ќе и претходат три катастрофи чие благовремено препознавање би можело да го спаси човековиот род. Првата би ги уништил сите комуникации на Земјата. Земјотресот би бил со епицентар во западнато крајбрежје на Перу. По тоа ќе следи големо цунами кое ќе го зафати западното крајбрежје на САД, а последиците ќе се осетат и во Јужна Америка. Нов Зеланд и Австралија.

Следните две катастрофи ќе бидат многу појаки од првата а ќе бидат дел од така наречениот природен процес во развојот на Земјата. Научниците не можат со точност што ќе се случи и кои се следните две катастрофи. Но тие се сигурни во едно, а тоа е дека после 3 катастрофи на Земјата нема да постои човечкиот род.

Тајната на спасот лежи во колективната човекова свест, која мора да се соедини и на тој начин да ги препознае катастрофите кои доаѓаат. Доколку тоа се случи ни престои иднина во друштво со некоја развиена вонземска цивилизација.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma