Добил милион долари на лото, ама два пати во рок од три години! :)

30 ноември, 20110
n

Делма Кини (50), самохран татко од Атланта, освоил џек пот на лотаријата во износ од милион долари и тоа по втор пат во рок од три години.

Кини во 2008 година бил извлечен како добитник на милионската награда, а кога пред неколку дена среќата повторно му се насмевнала неможел да поверува.

Самохраниот татко на три деца изјавил дека добивката ќе ја искористи за основање фонд за образование на  неговите деца, а дел од наградата ќе ја подели и во хуманитарни цели.

Кини изјавил дека вториот добитен тикет го купил непланирано кога одел до аптеката за да купи лекови за настинка.

Шансите да добие на лото биле еден према 5.040.000, а не постои пресметка која ќе каже колкава е веројатноста некој два пати да ја добие милионската награда на овој начин.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi