Добила на лотарија и банкротирала ! :)

popara25 ноември, 20111min00
2

Не ретки се приказните за добитниците на лотарија чиј живот потоа станува бајка. Но, пред четри години Карен Флук освоила 130 илјади фунти на Националната лотарија и во рок од година дена потрошила се, дури и повеќе од освоената сума.

Денеска Карен живее во изнајмен стан, гордо ги покажува своите гради (резултат на неколку пластични операции), додека размислува како ќе врати десетици илјади фунти кои ги должи. Иако, до пред некое време таа имала богатство за кое многумина сонуваат, Карен успеала се да потроши.

Нејзините финансии во моментов се во хаос: куќата во која живеела се наоѓа под хипотека, нејзините кредитни картици и заеми од банките се неподмирени, па се на се таа должи 60 илјади фунти.

Колку и да згрешила, Карен сега е свесна за ситуацијата во која ќе наоѓа.

„Кога би ги имала тие пари сега многу помудро и се однесувала, тоа е сигурно“, изјавила таа.

Не е чудо што таа ги потрошила парите, туку зошто. Карен не сакала нејзиниот поранешен маж да стигне до парите, па затоа се потрошила во рок од година дена и тоа главно на пластични операции.

Првото  нешто кое таа го купила било автомобил Мерцедес, а неколку месеци подоцна го заменила со двојно поскап. Давала заеми на мајка си, си купила часовник Картие од десет илјади фунти. Исто така купувала скап накит. Сепак најголем дел од парите и отишле на пластични операции. Операција на градите и липосукција, силикони во усните итн..

Денеска Карен живее во изнајмен стан со својата ќерка, а на крајот сепак успеала да се смири и да живее по скромен живот.

„Единствената работа која ја одржувам се ноктите, за кои трошам 20 фунти месечно и се разбира ботоксот“, изјавила Карен.

Што се однесува до финансиските планови за иднината, секогаш постои лотаријата.

„Ќе бида помудра со следната добивка, многу помудра“, си ветила Карен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag