Откако Џ.Кол го завршил својот настап, а сцената се подготвувала за настапот на Ријана, во склоп на нејзината Loud турнеја, публиката во Велс Фарго, беше почастена со уште еден сосеба спонтан и неочекуван настап.
Додека публиката со нетрпение го чекала настапот на Ријана, во позадина се слушала песна на Бијонсе, познатиот сингл “Single Ladies“, на кого младиот дечко целосно и се препушти и почна да танцува.
Младото момче се вика Грег, неговите колеги го фалеле како добар човек, а сега стана и одличен танчер. Со своите танцувачки движења тој ја импресионираше публиката, а таа пак му возврати со аплаузи и врисоци, а се зборува дека по настапот добил и неколку понуди за брак.
Секако ќе ве одушеви, погледнете го!