Дочекајте ја новата година со што повеќе светки!

29 декември, 20110
sljokice - glavna

Сакале или не, светките се „must have“ за секој новогодишен аутфит. Секогаш за новогодишната ноќ оживува трендот на светки, штрасови  металик сјај во „glitter and glam“ стил. Еден од најголемите трендови на 70тите и 80тите години денеска е прилагоден на современите модни трендови.

Било да станува збор за забави или излегување со пријателките, светкавите ткаенини во празничниот период се вистински погодок. Светките и штрасовите во секоја комбинација ќе ви дадат доза на женственост и гламур, што особено сакате да го постигнете на новоодишната ноќ. Важно е да направите добра комбинација и да не претерате. Изберете едно парче облека со светки, а остатокот од вашиот аутфит нека биде едноставен и не многу шарен.

Освен на облеката, светките одлично изгледаат и на чевлите, чантите и другите модни додатоци. Така, искомбинирајте светкав фустан со салонки украсени со кристали и некој впечатлив накит, но внимавајте да одберете исти тип и исти нијанси на светки, за на крајот да не изгледате како кич украсена новогодишна елка.

И шминката за најлудата ноќ во годината треба да биде различна, повпечатлива и погламурозна од вашата вообичаена шминка, па затоа изберете светкави сенки, впечатливо руменило и вештачки трепки како и некој интересен сјај, а не заборавајте и некој впечатлив лак за нокти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *