Додека не се “сардиса” уште 12 пати…нема да застане!
Кејти Прајс ги споделила своите планови за во иднина со новинарите. Старлетата позната по многубројните пластични операции до сега била два пати во брак, а сигурна е и дека ќе има уште неколку мажи. Таа исто така планира да има повеќе деца кои ќе им прават друштво на нејзинитедве деца, од бракот со Питер Андре и нејзината желба е да се соблече уште некој пат за Плејбој.
-Чувствувам дека ќе имам уште снимања за Плејбој. Сеуште сакам да позирам пред објактивите, бидејќи тоа е она што го работам најдобро. Исто така, сакам да имам многу деца, сакам коњи, а и мажи – околу 12 би ми биле доволно, изјавува старлетата, која во моментов е во врска со аргентинскиот модел Леонардо Пен. Кејти признава дека сеуште не ги расчистила односите с поранешниот сопуг, но поради тоа не се вознемирува воопшто. Секој има по некоја драма во животот, додава Кејти.