Доделен постхумно “Орден за заслуги за Македонија“ на Тоше Проески

23 јануари, 20110
Tose_Proeski

Внукот на Тоше Проески, Христијан денес го прими “Орденот за заслуги за Македонија“ што постхумно му беше доделен на неговиот вујко. Високото признание му го врачи претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој рече дека ќе беше среќен доколку Тоше лично го примеше. “Тоше Проески е човекот, кој како Диоген со фенерот со музика ја бараше хуманоста во луѓето. Воден од принципот дека “човекот секогаш може да биде похуман од тоа што е“, тој го отвори своето срце за сите нас. Не потсети колку е важно да се секаме и почитуваме, не подучи како да си помагаме. Со своите многубројни хуманитарни концерти и добротворни настапи тој не задолжи да го продолжиме неговото дело“, рече претседателот на денешната церемонија. Тој истакна дека Тоше ја афирмираше Македонија и “покажа дека таа е храбра и достојна, дека треба да веруваме во неа, да ја сакаме и чуваме и промовираме со достоинство.
Затоа како што додаде орденот што постхумно му е доделен е за неговите овоземни заслуги, но, и израз на нашата љубов и почит кон човекот кој не сакаше сите.
“Посмртно се одликува Тодор Проески со орден за заслуги за Македонија за високите дострели во неговата професионална и музичка дејност со што даде исклучителен придонес во промовирањето и збогатувањето на македонските културни вредности, како и за неговите активности на хуманитарен план преку реализирање на голем број хуманитарни и добротворни настапи, а со тоа и афирмација на Република Македонија во светот“.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *