Во Германија беа доделени награди за најдобрите актери. Оваа година со наградата “Златна камера” се закитија, Рене Зелвегер, која се прослави со филмовите “Џери Мегваер”, “Дневникот на Бриџит Џонс” и беше прогласена за актерка која е секогаш природна и автентична во секоја улога.
Џон Траволта, кој беше пречекан со овации, исто така доби награда за актер кој е најемоционален, според жирито на фестивалот.
Наградата за животно дело ја доби Мајкл Џеј Фокс, кој се прослави со серијалот “Враќање во иднината”, кој кога излезе на сцената на шега изјави дека се чувствува помалку старо на доделувањето со сите тие олдтајмери.