Дојче Веле: Ердоган по трет пат премиер на Турција?

12 јуни, 20110
Turkish Prime Minister Recep Tayyip Erdogan
Скоро никој не се сомнева во победата на Реџеп Таип Ердоган на парламентарните избори во Турција. Но, прашање и не е дали ќе победи владејачката партија „АКП“ туку колку гласови ќе освојат на изборите, пишува “Дочје Веле“, пренесува НетПрес.
Граѓаните на Турција денес ќе излезат на парламентарните избори на кои, според истражување на јавното мислење, се очекува победа на владејачката партија на правдата и развој (АКП) што би бил трет последователен мандат.
Според оценките на аналитичарите, она што иде во прилог на премиерот Ердоган и неговата партија е сериозната криза со некогашниот сојузник Израел, поддршката на палестинското радикално движење Хамас и доближување до Иран.
Иако се очекува да победи, Ердоган се’ помалку прифаќа критики, отворено ги напаѓа медиумите и го поддржува насилството на полицијата. Затоа десетина новинари се наоѓаат во турските затвори. Опозиционите партии во повеќе наврати се жалеле дека им било скратено користењето интернет, а заради обвинение дека учествувале со измама, десетина припадници на војската биле во затвор.
Според последните анкети, исламско конзервативната партија АКП би можела да освои 45 до 50 отсто од гласовите на граѓаните и со тоа може да се надева на апсолутно мнозинство во парламентот. Турското изборно право во споредба со меѓународното, има многу висок цензус и тоа десет отсто. Тој цензус бил воведен во 1980 година за да може курдските партии да се држат настрана од парламентот.
За разлика од пред неколку години кога владеела еуфорија околу вклучување  кон Европската унија, овој пат главна тема на изборите биле корупцијата, неправилности во текот на запишување на студентите и видео снимки на водечки претставници на екстремно десничарската партија. Ниту една од партиите не зборувале за влезот на Турција во ЕУ.
На изборите за 550 членови на парламентот учествуваат 15 политички партии со 7.492 кандидати, а гласачите ќе може да изберат и некој од 203 независни кандидати. Право на глас во Турција имаат повеќе од 50 милиони луѓе, кои ќе може да гласаат на вкупно 85 изборни места.
Од овие избори се воведуваат проѕирни пластични кутии, на место досегашните црни дрвени кутии, а освен таа новина, местата за гласање ќе бидат прекриени со ткаенини така што нема да може да се види лицето во моментот кога гласа.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi