Дојран и Дојранското езеро

2 јуни, 20110
dojrannaslov

За Дојран и Дојранското езеро не постои сезона која неможе да се патува и овде ја вклучуваме и есента. Во есен ова место претставува вистинска инспирација. Пожолтените лисја, тивкото ветре, мирисот на свежо приготвена риба, го ставаат ова место помегу најдобрите Македонски дестинации за патување оваа есен. Додека во лето, можете да уживате во топлото езеро, вечерните прошетки. Единствено нешто што не треба да заборавите кога ќе појдете на летување во Дојран се кремите за сонце и кремите против инсекти.

Дојран (друго име Полин, Поленин, Полјанин, варијанти Дорјан, ДогрјанДојрани) е историски град во југоисточниот дел на Република Македонија на брегот на Дојранското Езеро, којшто бил разурнат во Првата светска војна кога броел дури 18 000 жители. Денес името Дојран го носаат три населби разместени околу Дојранското Езеро :

градот Стар Дојран (800 жители), центар на Општина Дојран во Република Македонија на местото на стариот град,

градот Нов Дојран (1200 жители) во Република Македонија на 5 километри на север од стариот град,

селото Дојран  (183 жители) во Егејска Македонија на јужниот брег на Дојранското Езеро на местото на старата Дојранска железничка станица.

Сместувачки капацитети во Дојран има избор од хотели, приватно сместување, одмаралишта па и еден автокамп.

Дојран зафаќа површина од 132 км2  и се наоѓа во јужниот дел од Република Македонија, покрај македонско – грчката граница. Најблискиот аеродром е солунскиот оддалечен 100 км, додека од скопскиот аеродром оддалеченоста е 141 км. Најблиско пристаниште е Солунското пристаниште во Грција, кое е одалечено 81 км. Оддалеченоста од најблиска железница изнесува 38 км и се наоѓа во Гевгелија.

Генерално климата се карактеризира со топли и суви лета изразени со високи температури и благи и влажни зими. Дневна температура со над 26 ° Ц во дојранското подрачје се среќава над 120 денови во годината. Просечната годишна температура на водата во Дојранското Езеро изнесува 15,8° С и е слична со температурата на воздухот. Водата има најниска просечна температура во јануари и февруари, кога најчесто замрзнува крајбрежјето, а во 2002 година целото езеро. Водата е најтопла во јули и август со просечна температура од 24,4 °Ц.

Во последните 3-4 години значително е збогатена хидрографијата на Дојран со изградбата на каналот Ѓавото-Дојран за доведување на дополнителни количини на вода во Дојранското Езеро. Најголем воден ресурс и основен двигател на сите активности во општината е Дојранското Езеро.

Сегашното Дојранско Езеро е остаток од некогашно Пеонско Езеро (познато уште и како Стримонско Езеро) и припаѓа на т.н. Пajонска група на природни балкански езера. Врз основа на современите научно – стручни податоци за генезата и развојот на Дојранското Езеро може да се изведе општ заклучок дека тоа е типично еутрофно езеро од времето на плиоценот, значи со старост која се цени на повеќе милиони години. Во согласност со Рамсар Конвенцијата за класификација на водните системи, езерото е карактеризирано како континентално, перманентно надополнувано со свежа вода.

Дојранското Езеро е еутрофно езеро, заради големата продукција на органска материја. Животинскиот свет е претставен од без’рбетници (праживотни-едноклеточни животни, сунгери, црви, мекотели, членконоги, инсекти и др), како и претставници од ‘рбетниците (риби, водоземци, влекачи, птици и цицачи). Во Дојранското Езеро регистрирани се 12 фаунистички ендемити. Од 15 видови риби, 1 вид претставува локален ендемит. Некои без’рбетници (посебно вилинските коњчиња) и неколку видови птици, се наоѓаат на листата на CORINE. Дојранското Езеро е познато по традиционалниот начин на ловење риби со помош на птици во огради од трска, т.н. мандри.

“Се тече се се менува”. Така и во Дојран времето оставило многу траги од минатото. Постојано бил граден, разрушуван, пален па повторно обновуван. Поробуван во повеќе наврати и од разни поробувачи. Сето тоа придонело во Дојран да се изградат градби (Цркви, чешми, бањи, саат – кули, училишта и др.) од различни култури и народи. За таквата богата историја на градот Дојран денес ни зборуваат остатоците од повеќе културно-историски споменици кој можат да се видат во Дојран.

Езерски музеј на Дојран, сместен во просториите на локалната самоуправа, со колекција од растителниот и животинскиот свет од Дојранското Езеро. Претставен е карактеристичниот начин на лов на риби, а направена е и карактеристична рибарска колиба.

На самиот влез во Стар Дојран се издига каменото ридче, на чив врв гордо и исправено стојат урнатините на црквата Св. Илија. Уште од далеку со својата раскошна градба го тера патникот да размислува за неа, па и за градот Дојран. Изградена во 1848 година. Со доброволни прилози од дојранските верници. Главен архитект бил Ѓорѓе Новаков од село Папрадиште – Велешко.

Градска Саат – Кула – Точната година кога е изградена не се знае. По народните кажувања таа е изградена во 14 век и тоа во првите години по освојувањето на градот од страна на Турците во 1372 година. Се претпоставува дека освојувачите предводени од полковникот Евренос – бег, имаат поминато преку замрзнатото езеро кое било покриено со снег без да знаат дека е езеро. Впрочем таква легенда живее помеѓу дојранчани. Кога аскерите влегле во градот, населението останало изненадено од тоа како не се издавиле, а и пашата по веста дека војската минала преку заледеното езеро бил зачуден. Во чест на спасувањето на војската од сигурна смрт и освојувањето на Дојран, Евренос – бег ја изградил Саат-кулата. Така била наречена бидејки на неа бил поставен саат од народот. Таа била висока околу 10 метри и со својата височина доминирала во околината. На врвот од кулата саатот бил доста голем и отчукувал од 1 до 12 пати, односно толку колку што е времето. Часовникот сите граѓани ги известувал за времето, трговците и занаетчиите за отварање и затварање на дуќаните, рибарите за одење на мандрите, а посебно им служел на Турците за соопштување на времето за молитва.

Градска Бања – Амам – На 100 метри југозападно од денешниот хотел “Јака” се наоѓаат рушевините на единствената бања во градот Дојран, позната како “Амам” – турски збор што значи бања.

За оваа бања не се знае кога е изградена но се зборува дека секој ден работела и тоа се до 1916 година кога е и разрушена. Но се знае дека се состоела од повеке простории од кои едни биле за жени, а други за мажи и се знае дека во секоја просторија имало и чешми. Водата до бањата била носена преку ќерамидни цевки од месноста Дере-Баш, 2 km западно од Дојран. Водата се загревала со дрва ( ќумур) во казан и тоа во посебна просторија каде од таму течела во чешмите од кои се миеле граѓаните.Во бањата оделе граѓани од сите националности, а тоа што е најинтересно е тоа дека за идните невести имало посебна церемонија и оделе на посебно моминско бањање.

Споменикот Дојрана е подигнат на кејот на Дојранското Езеро и на него е претставена убавата мома Дојрана, според која градот го добил своето име.

Прва легенда:

Во градот имало една убава мома што се викала Дојрана. Таа била заљубена во овчарчето Лабин. Еден неделничен ден на сред град се виело оро каде биле собрани сите моми и ергени. Тука била и Дојрана со Лабин. Во тој момент доаѓа Џемо арамбашата, кој откако ја здогледал убавата Дојрана, ја грабнува, а Лабина тешко го ранува со сабјата. Дојрана од големата лутина и омраза кон Џемо скокнала од коњот на Џемо и се стрчала накај Лабин. Иако ранет, таа успева да го довлечка до езерските води и за да не бидат заробени од Џемо, се дават во езерото. Од тој трагичен настан, езерото според легендата се нарекува по името на Дојрана, Дојранско Езеро, а градот го добил името Дојран.
Според горезапишаната легенда и големиот македонски композитор Трајко Прокопиев го напишал балетот “Лабин и Дојрана”. Овој балет за прв пат е изведен во сезоната 1957/58 година.

 

Втора легенда:

Во градот Полин имало една многу убава девојка што се викала Дојрана. Била висока црноока, со витка става. Дојрана со своите другарки секоја вечер доаѓала на чешмата која се наоѓала во пространата долина источно од градот. Една вечер кога Дојрана отишла по вода со своите другарки, кај чешмата дошол и нејзиниот мерак, убавиот Лабин. Додека Дојрана и Лабин си збореле за нивните љубовни чувства, другарките на Дојрана ги наполниле бардињата и ѓумовите со ладна вода и тргнале накај дома. Дојрана и Лабин останале сами. Се задржале подолго време. Кога увиделе дека другарките си заминале и ја оставиле сама, многу се збунила па затоа на брзина ги наполнила со вода своите бардиња и побрзала да ги стигне другарките. Било ноќ и, и било страв да си оди оди дома сама. Во тоа брзање да ги стигне своите другарки ја заборавила чешмата отворена. Големата количина вода од чешмата течела цела ноќ па другиот ден народот со чудење гледал дека целата долина е исполнета со вода и наместо убаво тревно поле, настанало езеро. Бидејки Полјанци дознале дека Дојрана ја заборавила чешмата да тече цела ноќ, односно таа е виновникот што настанало езерото, по нејзиното име го нарекле Дојранско Езеро, а градот го нарекле исто така по нејзиното име Дојран.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber