Докажано! Кучињата имаат способност да откријат рак на бели дробови!

popara26 август, 20111min00
rak na beli drobovi

Како што пренесува „globalpost.com“ германските научници имаат јаки докази дека кучињата имаат моќ само мирисајќи го здивот на човекот да откријат рак во рана фаза.

Во истражувањето спроведено во германската клиника „Schillerhoehe“  учествувале два германски овчари и еден златен ретривер. Нивна задача била да го помирисаат здивот на 220 пациенти. Резултатите биле зачудувачки. Имено тие успеале да откријат рак на белите дробови кај 71 % од пациентите со точност од неверојатни 93 %.

“Здивот на пациентите со рак на белите дробови содржи хемикалии и мириси кои битно се разликуваат од здравите пациенти, а кучињата тоа можат да го разликуваат со точност од 93%“ објаснува Торсен Вејлс автор на студијата.

„Ова е огромен чекор нанапред, меѓутоа сеуште не е прецизно определена мешавината која се наоѓа во здивот на заболените пациенти. За жал, кучињата не можат да комуницираат со биохемичарите“ заклучува Вејлс.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag