Повеќе од 200 гнили тела биле пронајдени во една болница во Триполи. Дописникот на BBC, Вајр Дејвис го опишал хоророт кој го видел: мртви тела на маж, жени и деца како лежат во нивните кревети, и во ходниците на болницата Абу Салим. Тој изјавил дека тоа што го видел во болницата е нешто најодвратно и најшокантно што некогаш сретнал во својот живот, додавајќи дека мирисот бил неподнослив.
На секаде имало распаднатi тела на цивили, војници и Африкански платеници. Иако се уште не се знае како лицата умрле е во болницата, се шпекулира дека за тоа е крив режимот на Гадафи.
Кога избиле судири во близина на болницата помеѓу бунтовниците и силите лојални на Моамер Гадафи, лекарите и медицинските сестри веднаш ја напуштиле болницата и побегнале, оставајќи ги луѓето да умрат.
Државјанин на Триполи за BBC изјавил дека телата се повеќе од 5 дена во болницата, и дека никој не се грижел за нив. Тој изјавил дека е потребна стручна помош од Меѓународниот Црвен крст, бидејќи тоа што се случувало сега е вистински масакар.